Дневен хороскоп за 29.01.2015Овен
Ве очекува активен ден. Сите работи ќе се одвиваат брзо и во сосема неочекувана насока. Материјалната состојба брзо се менува. Можно е да се соочите со личности кои сакаат да ви наштетат. Но, вие можете точно да го определите негативното однесување и развивање на работите. Треба јасно да определите кој е непријателот и која е неговата слаба точка.
Бик
Ве очекуваат интересни активности. Луѓето околу вас го ценат вашето достоинство. Блискоста ви носи радост и среќа. Не е исклучено да имате лесни проблеми со децата, кои брзо ќе ги решите.
Близнаци
Во текот на денот избегнувајте ги ангажманите кои бараат поголема одговорност и концентрација. Однесувајте се внимателно со финансиските ангажмани, и односите со луѓето околу вас и на работа. Промените во вашето расположение се незабележливи за околината, но се проблематични за вас. Одвојте малку време за одмор.
Рак
Внимание, лош ден за повеќето ракови. Опасност од здравствени проблеми, немојте да се оптоварувате со работа. Од друга страна вашиот постојан стремеж кон високи високи и недостижни идеали може да ви приреди лоша шега точно денес. Внимавајте како се однесувате кон блиските. Сега сте во состојба да нанесете штета само со еден непромислен збор.
Лав
Денес е добро да се позанимавате со обврски поврзани со државните институции. Ѕвездите ве советуваат да не експериментирате, туку да се движите по зацртаниот пат. Пројавете максимална упорност да ги остварите целите. Послушајте ги советите од пријателите. Направте баланс меѓу работата и семејството.
Девица
Ве очекува мирен и пријатен ден, поврзан со надминување на вашите сомнежи. Не се исклучени напади. Неочекувана вест може ви ги помеша дневните планови.
Вага
Материјалната положба и денес не е јасна. Можни се непредвидливи расходи, но наскоро ќе имате и непредвидени приходи. Немојте да ризикувате. Не се потпирајте на првите впечатоци. Потпрете се на интуицијата.
Скорпија
Оние кои се занимаваат со творештво, имаат шанса денес да се покажат во најдобро светло, макар и да не извлечат финансиска корист. Денес се можни неочекувани расходи, колку и неочекувани приходи.
Стрелец
Обидете се да ги исфрлите сите сомнежи од мислите. Работите со кои се занимавате се подобруваат. Не се откажувајте од ништо. Во работата и љубовта денес потпрете се на првиот впечаток.
Јарец
Размислете за нови работи кои се неопходни за во домот. Но пред да решите да ги купите, разговарајте со партнерот. Доколку ви недостигаат пари, подобро почекајте со купувањето, отколку да позајмувате пари. Обрнете им внимание на луѓето кои ве сакаат, вратете им со љубов.
Водолија
Ве очекува пријатен ден, се чувствувате духовно прочистени. Денес сте расположени да им помогнете на луѓето околу вас, и пред вас се прават прекрасни услови за работа. Во семејството владее хармонија и разбирливост.
Риби
Денес е ден за подобрување на духовните, креативните и сексуалните можности. Ќе размислите повторно за претходно искуство за некоја случка. Врз основа на тоа, направете нови планови. Можно е денес да имате романтичен состанокОвен
Ве очекува активен ден. Сите работи ќе се одвиваат брзо и во сосема неочекувана насока. Материјалната состојба брзо с