Дневен хороскоп за 29.11.2013

Дневен хороскоп за 29.11.2013Овен
Непотребно се инволвирате во ситуација што не ја познавате доволно и така ги нервирате своите соработници. Прифатете ја добронамерната критика и немојте да ги одолжувате своите планови, важно е да го реализирате договорот. Обрнете внимание на новите случувања кои го загрижуваат саканото лице.
Бик
Важно е да прифатете нечиј совет, без разлика што имате чувство дека се работи само за делумно решение на работите. Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но не треба дополнително да ве оптоварува тоа или да го менува првобитниот став за работно-финансиската соработка.
Близнаци
Љубовната заблуда невозможно е да ја решите без искрено соочување со саканото лице. Некој влијае на вашата емотивна несигурност. Претпазливо анализирајте го однесувањето на блиското лице. Големата амбиција или потребата за собирање материјални резултати не треба да ве наведе на погрешно однесување пред соработниците.
Рак
Зачувајте ја блискоста со лицето што нема да ги изневери вашите очекувања. На љубовниот состанок немојте да дозволите на вашиот партнер да му недостасува инспирација. Постојано инсистирате во своите намери и преземате одреден ризик во деловната соработка. Новиот успех треба дополнително да ве мотивира.

 
Лав
Понекогаш немате доволно трпение и ви недостасува дипломатска нота во работниот дијалог. Некој го критикува вашиот начин на работа или стилот на однесување. Нема потреба да се спротивставувате на мислењето на другите, бидете разумни и прифатете нечии совети. Прифатете ја идејата на партнерот или средбата со едно интересно лице.
Девица
Не го криете своето оптимистичко расположение и сте самоуверени пред лицето што ви ги тестира професионалните способности.Важно ви е да се претставите како човек од доверба пред деловните партнери. Понекогаш имате премногу перфекционистички потреби. Постои лице кое ви подарува искрени чувства и емотивно внимание.
Вага
Претпазливо анализирајте ги новите случувања или, пак, важните промени на работната сцена. Немојте да дозволите некој неправедно да го оспорува вашето влијание или заслуга за успехот што сте го оствариле. Постојано се обидувате да избегнете емотивна одговорност пред блиското лице.
Скорпија
Нема потреба да го премолчувате своето незадоволство пред соработниците. Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Прифатете го љубовниот повик или страсното поттикнување од блиското лице. Чувствувате дека ве преплавува нов емотивен занес.

 
>
Стрелец
Не можете во целина да ги остварите своите намери, но не откажувајте се од своите амбициозни цели и барајте разумно решение. Нечии идеи звучат многу поинтересно во моментот додека се слушаат отколку кога ќе започнат да се реализираат. На средбата со саканото лице не го постигнувате посакуваниот ефект. Додека вие сте безгрижни, вашиот партнер се обидува да ги прескокне заедничките дилеми.
Јарец
Нетрпеливо очекувате добар повод за излегување, имате на ум повеќе комбинации. Чувствувате зголемена страст и емотивен импулс. Загрижени сте поради нечии зборови, но имате причина за тоа. Важно ви е да ги доведете работите под совршена контрола. Повеќе ви пречи еуфоријата во однесувањето на партнерот отколку чувството на носталгија или личната несигурност.
Водолија
Успехот на работното место не може да се оствари без нечија поддршка. Бидете реални во својата процена. Премногу сте горди да проговорите за своите проблеми или, пак, да побарате нечија интервенција. Немате причина да верувате во спонтан расплет на случувањата или љубовната среќа која доаѓа ненадејно
Риби
Прифатете ја скромната работна понуда и немојте да ги потценувате интелектуалните способности на луѓето од вашата околина. Потребно е да ги наметнете своите ставови и да се ангажирате на различни страни. Некој ќе ве изненади со внимание или со подарок. Прифатете се што ве асоцира на возбудлива забава и на емотивно зближување.Овен
Непотребно се инволвирате во ситуација што не ја познавате

Пронајдете не на следниве мрежи: