Дневен хороскоп за 30.04.2014Овен
Избегнувате важни одлуки поврзани со семејството, недвижниот имот, поврзани со саканите, и воедно во врсака со се што се случува околу вас. Особено фрустрирачки е тоа дека и покрај што ги избегнувате овие релации, сепак се однесувате пристрасно за прашања поврзани со семејството и домот.
Бик
Денес ќе стекнете нови искуства со помош на други луѓе. Всушност можен е и нов почеток на љубовен план. Ако е така, тоа ќе биде тотално необично и дефинитивно незаборавно. Внимавајте да не кажете или направите некоја глупост, за која подоцна ќе зажалите.
Близнаци
Денес ќе се чувствувате опседнати во врска со финансиските прашања. Можеби сакате да купите нешто, но силно сте опседнати со тоа како да добиете пари, а не како да ги потрошите.
Рак
Односите со пријателите и со партнерот ќе преовладуваат во текот на денешниот ден. Секој од вас сака и посакува нешто, мора да го ставите парнерот во ред, за да го добиете она што го сакате. Земете здив и водете ги работите кон перспектива.
Лав
Тивкиот гнев од изминатиот ден се уште ве држи. Сега чувствата полека ги насочувате кон точката каде вашиот мир е нарушен. Не дејствувајте додека сте под влијание на ова опсесивно чувство. Направете си ја оваа услуга себе си.
Девица
Денес можно е да се најдете во судир со некој, особено во групна ситуација, едноставно затоа што ви вршат притисок за нешто премногу тешко за вас. Запомнете, ако сакате некој да ве слушне, шепнете му. Или можеби некој друг ќе го направи тоа за вас? Сепак внимавајте!
Вага
Денес е можно да имате судир со главните органи (партнери, шефови, професори, ВИП личности и полиција). Првенствено, тоа ќе биде така бидејќи некои луѓе едноставно секогаш сметаат дека се во право и опседнати се со тоа дека мора да го добијат она што го сакаат. А во ваква ситуација компромисот е невозможен. Бидете силни.
Скорпија
Вашата интензивна желба да постигнете нешто поврзано со високото образование, медицината, да издејствувате во врска со законот, може да ве доведе во жешка вода денес. Вратете се еден чекор назад од овде, пред да се вознемири некој на работното место.
Стрелец
Денес може да се загрее атмосферата во врска со некоја заедничка сопственост, кредити, долгови, хипотеки, наследство, или пак нешто што поседувате заедно со некоја друга личност. Не кажувајте ниту пак правете ништо за што би зажалиле подоцна.
Јарец
Денес ќе бидете предизвикани да се инаетите со другите. Луѓето се опседнати со она што тие го сакаат, или она што сакаат да го кажат или да го направат, а со тоа спречуваат да слушнат што сакаат да кажат останатите. Не одложувајте ги важните одлуки или барања за некој друг ден.
Водолија
Не правете толкав напор на работното место денеска. Нормално е да сакате да ги решите важните прашања што е можно побрзо и поуспешно, но ова не е вистинскиот ден за преземање на големи чекори.
Риби
Љубовните кавги, разочарувањата во социјални ситуации и тешкотии со децата ве очекуваат во текот на денешниот ден. До некаде ова е резултат на тоа што луѓето се емотивни и лесно вознемирливи. Денес можно е да започне нова страсна романса за некои од вас.Овен
Избегнувате важни одлуки поврзани со семејството, недвижниот имот, поврзани со саканите, и воедно во врсака со се што