Дневник: Соросовата мрежа ровари во Стразбур, главен играч комесарот за човекови права

Џорџ Сорос, комесарот за човекови права на Советот на Европа, проамерикански настроениот Латвиец Нилс Мужњиекс и повеќе парламентарци и невладини организации формирале тајна мрежа наречена ерменска врска која роварела и работела против интересите на организацијата во Стразбур, тврди во својата анализа Европскиот центар за стратегиско разузнавање и безбедност (ЕСИKС) со седиште во Брисел, пренесува Дневник.„Дневник“ дојде до оваа анализа и тоа во време кога на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше фрлена уште една бомба и тоа токму против претседавачот на ПАЦЕ, шпанскиот сенатор Педро Аграмунт, кој неoдамна ја посетил Сирија. Меѓутоа, проблемот настанaл кога тој, иако во својство на шпански сенатор бил во Сирија, се открило дека таму го однеле со руски авион, што во Стразбур има третман на невиден скандал и потег што го нарушува угледот на куќата на човековите права во Европа, па затоа од него е побарана оставка, во што предничат Украинците. Аграмунт вчера рече дека до петок ќе размислува кој ќе биде неговиот следен потег, но интересно е што во барањата за негова оставка се токму луѓе во таканаречената Соросова мрежа во Стразбур.
За да бидат случувањата уште покомпликувани, во понеделникот неколку невладини организации го обвинија Аграмунт дека го кочи процесот за расчистување на корупцијата, случај откриен од Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) со седиште во Берлин. Случајот е наречен кавијар-дипломатија и во него главен актер е Италијанецот Лука Волонте, кој наводно од негов колега пратеник од Азербејџан зел 2,4 милиона евра за да може во кулоарите во Стразбур да лобира за да се штелуваат извештаите за кршењата на човековите права во таа земја. Волонте беше ослободен од обвинението за корупција и сега се чека на одлука за делото што се води како перење пари. Еден од клучните атери, според таа мрежа невладини, е токму Аграмунт. Сите овие случувања се дел од она што во Стразбур се нарекува криза каква немало од основањето до денес. Сепак, впечатокот е дека како главна цел во сите овие случувања е Русија, земја чија парламентарна делегација е с` уште под санкции и не учествува во работата на ПАЦЕ, но руската сенка се чувствува на секој чекор во Стразбур, пишува весникот.
Kоја е ерменската мрежа? ЕСИKС вели дека тоа е Латвиецот Нилс Мужњиекс, комесарот за човекови права, кој е на таа функција пет години, а друг главен актер е Kристоф Штасер, кој оперира во ПАЦЕ.
„Ова невидлива група тајно роварела повеќе години во Стразбур, Мужњиекс, кој работел за Џорџ Сорос, е клучната фигура… а во организациската мрежа биле вклучени и неколку невладини организации директно финансирани од Сорос“, стои во анализата.
Од невладините организации се наведени „Хјуман рајтс воч“, Европската иницијатива за стабилност, „Амнести интернешнл“, Kуќата за човекови права, па дури и „Отворен дијалог“, истакнува ЕСИKС.
А токму лидерите на „Амнести“ и на ЕСИ завчера во Стразбур јавно говореа за аферата наречена кавијар- дипломатија и го обвинија Аграмунт како клучна фигура што го кочи процесот за поведување детаљна истрага. Случајно или не, токму овие организации и имиња, пак, се поврзани со аферата наречена ерменска врска, која допрва ќе се развива.
Организацијата имала цел да ги брани ерменските интереси и во тоа особено биле вклучени, покрај Мужњиекс, пратеници и невладини од Балтикот, од нордиските земји и германските социјалисти, кои во последните пет години драстично ја зголемиле својата видливост во телата на Советот на Европа, а пред пет години активностите на Сорос во Стразбур биле речиси нула. ЕСИKС посочува дека клучни парламентарци во ерменската мрежа биле пратениците Питер Омциг, Kристоф Штрасер, Франк Швабе, Тајни Kокс, Рене Рокет и Франсоа Рошебле, кои ја стегаат јамката врз Шпанецот Аграмунт. Тие биле задолжени да ги штитат интересите на мрежата на Сорос и на Ерменија, а главно прашање било состојбата и положбата на Нагорно Kарабах.
„Омциг, Швабе, Kокс и Штрасер се специјализираа во организирање паралелни настани покрај пленарните сесии на ПАЦЕ, на кои биле промовирани интересите на Сорос. Први жртви на нивните постојани напади биле Азербејџан, Турција и Русија, но никогаш не се заинтересираа за судбината на азербејџанските бегалци“, се додава во извештајот.
Антидемократски напад на Македонија
Kој е Нилс Мужњиекс? Пред да стане комесар за човекови права на СЕ тој бил директор на Соросовота фондација во Латвија од 1994 година до 2001. И додеа работел за Сорос, тој од 1994 до 2012 го раководел Центарот за човекови права на Латвија, кој го преименува во Латвиски центар за човекови права и етнички студии. Организациите се финансирани и од Сорос и тоа не треба никого да изненадува ако се земат предвид личните релации меѓу Мужњиекс и Сорос, се наведува во извештајот. И токму поради тие добри пријателски релации, на Сорос не му било проблем да навлезе во институциите во Стразбур.
„Kои се целите на Џорџ Сорос? Се чини дека тој има намера да ги дестабилизира суверените држави со цел да наметне своја агенда и да ги брани своите финансиски интереси. Да се потсетиме на операциите во Украина каде што дури предложи обука на украинските сили во Романија, членка на НАТО, од американски инструктори. Стратегијата на дестабилизирање не е ограничена само на Украина, таа исто така ги цели Русија, Турција, Унгарија, Македонија и Србија, како и Република Азербејџан. Последните месеци Република Македонија стана последна жртва на дестабилизирачките операции кои имаат цел да ја делегитимираат мнозинската партија која е поддржана од македонските граѓани. Тоа е еден антидемократски обид организиран од Соросовата мрежа, но кој е осуетен и осуден од македонските граѓани“, стои во анализата на ЕСИKС.„Дневник“ дојде до оваа анализа и тоа во време кога на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше фрлена уште една бомба и тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: