Главна цел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години е вработување на младите лица и во таа насока се предвидени повеќе добри проекти, изјави денеска носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица Зоран Ставрески.-Секој млад човек кој сака да се самовработи може да добие 7.000 евра за сопствено вработување, а може да вработи уште четири лица во истата фирма кои ќе добијат по 4.000 евра. Значи вкупно 23.000 евра е финансиската поддршка што е предвидена за самовработување и средствата се даваат на вкупно седум години од кои една и пол година е грејс-период и пет и пол години рок на враќање. Втората мерка е плаќањето на придонесите за младите лица и персоналниот данок. Доколку бидат вработени од страна на работодавач, Владата ќе ги плати придонесите за здравствено, пензиското и социјално осигурување за 12 месеци, а работодавачот ќе биде ослободен од персонален данок. За сметка на тоа работодавачот се обврзува да ги здржи на работа уште дополнителни 12 месеци, а може и повеќе, истакна Ставрески.
Со вакви мерки, како и со отворањето на работни места во слободните и индустриските зони и новите фабрики што се очекуваат во следниот период, според Ставрески, драстично ќе се намали невработеноста кај младите лица, односно ќе се отворат многу нови можности за вработување на младите.-Секој млад човек кој сака да се самовработи може да добие 7.000 евра за сопствено вработување, а може да вработи уште четири лица во истата фирма