До крајот на септември ќе се изгради детско игралиште во близина на старата гимназија во Берово

Со средства во вредност од 3.500 долари Израелска донација до крајот на септември 2016 година на простор во близина на старата гимназија во Берово, непосредно до повеќенаменското спортско игралиште кое моментално е во изградба ќе бидат поставени елементите за детско игралиште.Ова го потврди и посетата на Општина Берово на Израелскиот амбасадор во РМ н.е. Дан Орјан кој свечено ја предаде донацијата на досегашната претседателка на Лајонс клубот “Св.Пантелејмон“ од Скопје Мелпомени Корнети, кој клуб е иницијатор за реализација на овој проект заедно со Општина Берово.
По повод оваа донација во Бизнис инкубаторот во Берово се одржа настан во кој пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински кој ја искажа својата благодарност за донацијата преку која на овој простор ќе се постави дрвена куќичка, тобоган, лулашки и клацкалки што секако ќе претставува една одлична можност за децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби да го поминуваат своето време за играње тука, но и можност за сите дечиња од Берово да се забавуваат.
Амбасадорот Дан Орјан во своето обраќање пред присутните, а и на средбата со градоначалникот и со претставници од бизнис заедницата во Берово ги истакна своите заложби за зближување на двете земји и подобрување на соработката и се заложи дека на средната средба во Берово во својата делегација ќе доведе и претставници од блиски сектори на работа со бизнис можностите во Берово како што се претставници од дрвна индустрија и туристички експерти со што би се согледале заеднички интереси и можности за соработка.
На сцената во Бизнис инкубаторот во Берово беше пуштен и краткиот документарен филм “Клас“ кој е поврзан со 20 годишнината од воспоставувањетто на дипломатските односи на Македонија со Израел, а свој настап како и пред дневниот центар во текот на денот имаа и Израелската група “Кармелим“ со дел од својот мјузикл.Ова го потврди и посетата на Општина Берово на Израелскиот амбасадор во РМ н.е. Дан Орјан кој свечено ја предаде донацијата на досегашната претседа

Пронајдете не на следниве мрежи: