До неидентификуваното тело најдени документи на американскиот екс-полицаец убиец

Возачка дозвола на име на поранешниот полицаец од Лос Анџелес, Кристофер Дорнер, осомничен за убиство на најмалку три лица, е најдена веднаш до сé уште неидентификуваното тело по нападот на полицијата во шумската колиба во Калифорнија, јавува Associated Press, цитирајќи неименувани извори.Според извор запознаен со истрагата, бил пронајден паричник со возачка дозвола. Претходно во средата, полицијата соопшти дека почнала со идентификацијата на телото пронајдено во колибата, но официјална потврда дали станува збор за останките на поранешниот полицаец и американски војник Кристофер Дорнер, сé уште нема.Во вторникот, полицијата од американската сојузна држава Калифорнија почна потера откако Дорнер ограбил приватен дом чии сопственици ги врзал и побегнал со нивниот автомобилот. По бркотницата поранешниот полицаец се забарикадирал во една од туристичките колиби во планините на Сан Бернардино. Следеше престрелка во којашто беа ранети два обласни шерифа, од кои едниот подоцна им подлегна на повредите. Колиба се запалила откако бил фрлен солзавец, за кој се верува дека го предизвикал пожарот, и е сосема уништена. Во внатрешноста било пронајдено засега неидентификуваното тело.Минатата седмица беше објавено дека 33-годишниот Кристофер Дорнер е осомничен за убиство на еден полицаец, како и на уште една жена и нејзиниот вереник. Имајќи предвид дека бил полициски и воено обучуван и претставува голема опасност, локалните власти на 10-ти февруари објавија награда од милион долари за информации кои ќе придонесат за негово откривање и апсење.Осомничениот претходно испрати писмо до полицијата од Лос Анџелес, каде што работел од 2005 до 2008 година. Во писмото се наведува дека Дорнер има намера да се одмазди за неговото разрешување од полицијата поради поткажување на еден негов колега, коешто подоцна се покажало како лажно. Во писмото, исто така, биле наведени имињата на неколку полициски службеници кои Дорнер имал намера да ги ликвидира. Според локалните медиуми, по ова во Калифорнија под полициска заштита биле ставени најмалку 50 семејства на полициски службеници. Тие ќе останат заштитени сé додека експертите не се сигурни дека телото пронајдено во колибата навистина му припаѓа на Дорнер.Поранешниот полицаец од Лос Анџелес, 33-годишниот Кристофер Дорнер објави војна против колегите полицајци и нивните семејства во прогласот што го објави на интернет во кој се жали поради неговото исфрлање од редовите на калифорниската полиција во 2008 година.Потерата по Дорнер беше концентрирана на областа од езерото Биг Бер во планината кај Сан Бернандино, откако минатиот четвртокот во таа област беше пронајден неговиот запален камионет.Поранешниот полицаец Дорнер во својот поход поради губењето на работното место досега уби четири и рани три лица. Неговиот одмазднички поход почна минатиот викенд во гратчето Ирвин кога ја уби 28-годишната Моника Кван и нејзиниот вереник кој работел како обезбедувач на универзитет. Моника Кван била ќерка на пензиониран полицаец од Лос Анџелес кој го застапувал Дорнер во дисциплинската постапка којашто завршила со негово исклучување од полицијата.
МакфаксВозачка дозвола на име на поранешниот полицаец од Лос Ан

Пронајдете не на следниве мрежи: