До петок ќе се знае статусот на Адеми

Аријан Адеми во текот на оваа седмица ќе дознае дали УЕФА ќе се смилува околу казната што му беше изречена на македонскиот репрезентативец поради позитивниот допинг тест по дуелот Динамо Загреб – Арсенал. Дисциплинската комисија при УЕФА в среда ќе одржи работен состанок на кој една од точките ќе биде токму Адеми, по што најдоцна до петок се очекува да биде донесена и конечна одлука околу жалбата што Динамо Загреб ја поднесе заедно со самиот фудбалер.Во таборот на хрватскиот првак се убедени дека казната сигурно ќе биде намалена, а најоптимистичките прогнози се дека Адеми би можел да биде целосно помилуван и веќе на стартот од следната сезона повторно да стане дел од хрватскиот шампион. Имено, Зоран Мамиќ уште пред дваесетина дена обелодени дека примероците од препаратот испратени на анализа во две различни лаборатории биле контаминирани со забранетата супстанца, со што се докажува дека тој не ја зел таа супстанца свесно, туку истата се нашла во таблета што не се наоѓа на забранетата листа на ВАДА.
Тоа дефинитивно е многу значаен аргумент во битката за фудбалската иднина на Аријан Адеми, но останува да се види како ќе се изјаснат претставниците на дисциплинската комисија при УЕФА, кои не би требало да останат слепи и глуви на најновите аргументи на македонскиот репрезентативец. Адеми цело време тврдеше дека е невин и дека свесно не зел никаква забранета супстанца, а најновите докази ги потврдуваат неговите изјави дадени пред „дисциплинците“.
Само за потсетување, Аријан Адеми беше казнет со максимална казна од четири години неиграње поради позитивниот допинг тест по дуелот со Арсенал. Доколку казната му биде намалена на една година, тој веќе во октомври би можел да се врати на терените.Во таборот на хрватскиот првак се убедени дека казната сигурно ќе биде намалена, а најоптимистичките прогнози се дека Адеми би можел да биде целосн

Пронајдете не на следниве мрежи: