Доаѓа времето на Терминатор!

Над 1.000 експерти за вештачка интелигенција и водечки научници, го потпишаа отвореното писмо со предупредување за „унапредувањето на вештачка интелигенција во трката за наоружување“ и повикаа да се воведе забрана за развој на „офанзивно автономно оружје“.Писмото, кое беше презентирано на заедничката Меѓународна конференција за вештачка интелигенција во Буенос Аирес, во Аргентина, беше потпишано од страна на главниот инженер на Тесла Моторс Елон Муск, ко-основачот на Ејпл Стив Вознијак, главниот извршен директор на Google DeepMind Демис Хасабис и професорот Стивен Хокинг. На нив им се приклучија уште 1.000 истражувачи за роботика и вештачка интелигенција.
Во писмото стои: „Вештачката интелигенција ја достигна точката каде што распоредувањето на автономното оружје е практично, ако не и правно, изводливо со години ако не и децении наназад, а влоговите се големи: автономното оружје е опишани како трета револуција во војната, по барутот и нуклеарното оружје.“
Тие велат дека вештачката интелигенција може да се користи со цел бојното поле да се направи побезбедно место за војниците, но тоа офанзивно оружје ќе го намали борјот на војници коишто ќе одат за да се борат и ќе резултира со поголема загуба на човечки животи.
Во една прилика, Вознијак изјави дека луѓето во иднина ќе им станат миленици на роботите, бидејќи „сите ние сакаме некој да нѐ чува и да се грижи за нас“.
Тоби Волш, професор за вештачка интелигенција на Универзитетот во Нов Јужен Велс, рече: „Ние денес треба да донесеме одлука со која ќе ја обликуваме нашата иднина и ќе утврдиме дали ќе го следиме патот на доброто. Ние го поддржуваме повикот од голем број на различни хуманитарни организации за забраната на ОН за офанзивно автономно оружје, која е слична на неодамнешната забрана за употреба на заслепувачки ласери.“
На конференцијата на Обединетите нации во Женева во април, се разговараше за иднината на оружјето, вклучувајќи и т.н. „роботи-убијци“. Велика Британија се спротивстави на забраната за развој на автономно оружје и покрај тоа што беше под притисок да го смени мислењето.Писмото, кое беше презентирано на заедничката Меѓународна конференција за вештачка интелигенција во Буенос Аирес, во Аргентина, беше потпишано од с

Пронајдете не на следниве мрежи: