Доби повик од селекторот Јаневски, но доби повик и од болница: Тофиловски доби синче!!!

Македонскиот привремен репрезентативец, голманот Дарко Тофилоски има многу причини за радост и среќа.Од една страна, голманот на словачки Кошице, 27-годишниот Дарко Тофилоски, секако дека го израдува повикот од селекторот на нашата национална репрезентација, Чедомир Јаневски, за пријателскиот натпревар против Бугарија што ќе се одигра во среда во Скопје на „Националната Арена Филип Втори“ со почеток од 20,45 часот.
Од друга страна, нашиот репрезентативец има огромна причина за среќа и задоволство, му се роди синче, нека му е живо и здраво!!!
„Денес сум најсреќен човек на цел свет, ми се роди син“ стои во статусот на голманот Дарко Тофилоски на неговиот профил на „Facebook“.
Инаку, Тофиловски е добро познат на нашите љубители на мак фудбалот, претходно бранеше во прилепска Победа, во периодот 2005-2008 година, па замина во швајцарски Шафхаузен, а од пред три сезони се наоѓа на голот на словачки Кошице каде до овој момент забележа 89 настапи за словачкиот тим. Што се однесува до репрезентативната кариера, Тофилоски за нашата млада селекција забележа 14 настапи, додека пак за сениорската репрезентација има само еден настап.Од една страна, голманот на словачки Кошице, 27-годишниот Дарко Тофилоски, секако дека го израдува повикот од селектор

Пронајдете не на следниве мрежи: