Добитниците на милион долари на лотаријата Пауербол во САД, ја поделиле својата добивка со колешката која немала пари заедно со нив да го уплати лото ливчето.
Дванаесет вработени од фирмата за недвижности „Келер Вилијамс партнер“’ , добиле милион долари откако сите заедно собрале пари за да го уплатат лото ливчето.
Ја повикале и колешката Џенифер Малдонадо да им се приклучи, но таа тоа ги одбила. Џенифер во тој период се вработила и сеуште немала плата, па така сумата од 20 долари и била превисока.
Шефот на канцеларијата кој ги собирал парите, и понудил да и позајми пари но таа и тоа го одбила.
„Не сакав да вршам притисок врз неа. И реков ако не играш со нас ќе победиме“, вели тој.
И навистина победиле бидејќи погодиле пет броја. Колегите добиле 83.000 долари откако им биле одземени сите даноци, а се сложиле одредена сума да и дадат и на колешката, истакнувајќи дека фирмата им е како семејство.Добитниците на милион долари на лотаријата Пауербол во САД, ја поделиле својата добивка со колешката која немала пари