Добитниците на социјалните станови стравуваат: Немаме никаква сигурност додека не добиеме клучеви

На почетокот на оваа година социјалната зграда во Прилеп со 76 стана беше предадена во употреба, а во февруари се изврши преелиминарната распределба на становите. И по два месеци и извршени контроли становите се уште се празни. Оние кои беа извлечени како потенцијални добитници стравуваат за својот кров над главата, бидејќи немаат информација зошто се уште не ги добиле клучевите.-Јас како што слушнав госпоѓата Ременски изјави дека додека на некој човек не му се додели станот, нема да се доделат становите во Прилеп, тоа го слушнав. Контрола дојде, целата Комисијат помина, жалбите си поминаа, се е решено. Не знам утре што ќе биде, дали јас ќе го добијам тоа што извлечен или може да останам пак на улица. Нема никаква сигурност. Додека не добијам клучеви, сигурност немам.
-Сите три деца се кај мајка ми. Газдарицата куќата ја пушти на продажба не знам и со тоа како ќе биде. Струјата и водата се исклучени. Треба да се каже вистина дали да се бара нова куќа под кирија или ќе се дадат становите за да се вселиме, велат добитниците на станови.
Неофицијално, Ременски побарала од прилепскиот центар за социјална работа да направи Комисија и да го провери социјалниот статус на еден кандидат. Наводно се работело за самохрана мајка која била во роднински врски со поранешна пратеничка на СДСМ која според шпекулациите и по разводот престојувала во куќата на поранешниот сопруг, а работела во УЈП.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски го врска со овој случај во гостувањето во Сител истакна дека Ременски по секоја цена сака нивни сопартијци да дојдат до социјален стан иако не ги исполнуваат условите.
-Се изградија становите, направивме прва распределба, а потоа Комисијата составена од Министерство за транспорт и врски и од МТСП, одат на лице место и ги проверуваат сите оие кои добиле станови. Доколку се утврди дека некој од нив не заслужува нема да го добие станот. Тоа е правилно, така треба и мора да биде. За жал, еден од становите што треба некој да го добие, мора да го добие по секоја цена иако не ги исполнува условите. Дури наредено и е на Комисијата да не го потпишува записникот. Тоа значи стотици фамилии да не можат да добијат стан. Тоа е проблем во Прилеп, во Демир Хисар, во Ресен. Се работи за нивен близок припадник од партијата што според нив мора да биде згрижен, но ако не ги исполнува условите нема да добие стан, вели Мисајловски.
Министерот уредно повикал МТСП да изврши контрола преку свои комисии за да ја утврди фактичката состојба на терен, но до денес таква контрола не е извршена.
Со ова вселувањето на овие кои добија станови останува неизвесно.-Јас како што слушнав госпоѓата Ременски изјави дека додека на некој човек не му се додели станот, нема да се доделат становите во Прилеп, тоа го с

Пронајдете не на следниве мрежи: