Добра причина да не јадете топла храна од пластичен сад!

Loading...

Знаете ли дека во пластичниот материјал се додава меламин супстанца која го успорува можното горење на материјали? Контаминацијата меламин се покажала како особено штетна за децата и миленичињата, па прашањето „Дали е безбедно да се носи храна во вакво пакување?“ е на место.Меламинот е хемиско соединение на јаглеродот, азотот и водородот и се користи првенствено во производството на пластика отпорна на оган и топлина.
Цврстиот и траен меламин доби лоша репутација во 2007 година, откако е пронајденен во храната за домашни миленици произведена во САД, каде што се разболиле голем број на кучиња и мачки. Во 2008 штетата била уште поголема, бидејќи илјади кинески бебиња биле хоспитализирани откако јаделе храна која содржи меламин.
И самите можете да преземете едноставни мерки на претпазливост при користење на садови кои содржат меламин. Не јадете од пластични чинии доколку немате потреба од тоа. Никако немојте да греете храна во нив во микробранова печка или да ги топлите на било кој друг начин. Немојте да ги користите откако сте ги изгребале и употребиле. Во нив не служете кисела храна, па и кога не е топла.
Врска со камења во бубрезите
Истражувањата на тајванските научници откриле дека топлата храна која се служи во споменатите садови, ја  зголемува количината на меламин кој го зголемува ризикот од бубрежни камења. Научниците проучувале две групи на испитаници. Едната група консумирале супа од пластичен сад со меламин, додека другата од керамички сад. Резултатите покажале дека нивото на меламин во урината на испитаниците, 12 часа по консумирањето на супа од садовите со меламин,изнесувале 8,35 микрограми во нивните тела, а  другите испитаници имале 1,3 микрограми.
Светската здравствена организација вели дека меламинот, треба да се држи подалеку од децата, бидејќи за нив не постои сигурно ниво.Меламинот е хемиско соединение на јаглеродот, азотот и водородот и се користи првенствено во производството на пластика отпорна на оган и топлина.

loading...
Loading...