Добре дојдовте во зоната на детективските мистерии

Едно од најинтересните нешта од кои нашиот мозок може да стане зависен е загатката на стореното злосторство, во кое виновникот ги скрил трагите. Тука на сцената стапуваат лукавите детективи кои бараат знаци таму каде што се чини дека ги нема, а со нив и нашето љубопитно јас прегледува документи, отпечатоци, ѕирка кон лицата на можните виновници и ги пребројува мотивите. Додека истрагата не заврши, во главата веќе сме промениле неколкумина осомничени.Copyright: © ABC Studios
Ако сте една од личностите што ужива во детективските мистерии од сите видови, Пикбокс ви подготви две серии на кои веднаш ќе станете зависни. Станува збор за серијата Касл, што веќе денеска е достапна на Пикбокс, како и за новата, петта сезона од серијата Смрт во рајот (Death in Paradise), една од поновите остварувања на Би-би-си.
Кој е тој Касл?
Тој е шармантен, по малку будалест тип, кој често чепка таму каде што не му е место. Инаку е славен писател на детективски книги по кого лудуваат и млади девојки и нивните мајки, а вистинската возбуда за него почнува кога некој изопачен ум ќе спроведе во реалност неколку убиства што тој ги опишал во своите книги. Се разбира, станува збор за Касл (Нејтан Филион), а тоа што е пред вас е квалитетна серија која фрла поглед во умовите на најизопачените и најлукавите злосторници.
Во серијата, Касл наликува на некаква пречка. Секако, не за нас зашто го сакаме, туку за детективката Кејт Бекет (Стана Катиќ), која е алергична на немирниот дух на Касл и на неговата навика да се плетка насекаде.
Овој детективски дует ќе ве однесе на улиците на Њујорк, со нив ќе водите некои од најтешките истраги, а ќе ги засакате и како двојка. Зашто, сепак, Касл и Бекет се создадени да бидат заедно.
 
Умствени игри во карипски рај
Одморот од соништата за сите што ќе слетаат на преубавото карипско островче Сен Мари често се претвора во патување низ пеколот. Убиствата на фиктивното островче се случуваат мошне често, па на островот е пратен детектив од Лондон што ќе ги решава малку побрзо и поуспешно од островските полицајци. За да стане сето тоа интересно, британскиот детектив е човек што ги презира сонцето, песокот и сѐ што доаѓа со островскиот живот.
Во првите две сезони тоа беше неприлагодливиот Ричард Пул (Бен Милер), типичен Британец, додека во третата сезона на островот дојде Хамфри Гудман (Крис Маршал). Гудман, исто како и претходниот детектив Пул, практикува специфичен метод за разоткривање на злосторниците, соочувајќи ги со вистината во присуство на сите осомничени.
Ако сакате сонце, море, песок, ако ви е сон да отпатувате на Карибите, а патем сте голем обожавател на британски серии и на детективски мистерии, оваа крими-драма е како создадена за вас.Copyright:

Пронајдете не на следниве мрежи: