„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre DMWC, и оваа година по шести пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по шести пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето. Како и претходните години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, го оганизира DMWC Добротворниот меѓународен базар.Почесен преседател на Базарот 2016 е Н.Е. г-дин  Чарлс Гарет, Амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија, а главен покровител е град Скопје.
Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за  Дневниот цетар за деца од улица – Шуто Оризари.
Добротворниот базар ќе се случи на 4ти јуни, сабота, во  ГТЦ  (приземје) Скопје со почеток во 11:00 часот.  Базарот за отворен ќе го прогласат:
Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC
Г-дин Коце Трајановски – гардоначалник на Град Скопје
Н. Е г-дин Чарлс гарет – амбасадор на Велика Британија во Македонија и почесен претседател на Базарот за 2016 година.
– Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец;  
– Средствата од  Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje;
– Средствата од  Базарот во 2013 беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје;
– Средствата од Базарот 2012 беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште “Илинден“Скопје.
Програма:
11.00 часот – отворање на Базарот
11:30 -13:00 Музичко-сценски настап на ученици од: Американско училиште (American School), Британска детска академија (Британска градинка), Дневен центар за деца од улица – Шуто Оризари, Француско меѓународно училиште, КУД Цветан Димов, Меѓународно училиште НОВА, Меѓународно училиште Кју – Ес – Ај (QSI), НВО Сумнал, Центар за модерни и спортски танци „Прима Данца“
14:00 Лотарија –  извлекување на добитни броеви
15:00 Доделување на благодарници на учесниците и спонзорите
16:00 Затворање на Базарот
Aмбасади кои ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји:
• Амбасада на Република Албанија
• Амбасада на Република Бугарија
• Амбасада на Велика Британија
• Амбасада на Република Италија
. Амбасада на Исламска Република Иран
. Амбасада на Држава Катар
• Амбасада на Народна Република Кина
. Амбасада на САД
• Амбасада на Република Србија
• Амбасада на Република Словачка
• Амбасада на Република Словенија
. Амбасада на Република Турција
• Амбасада на Република Франција
• Амбасада на Црна Гора
• Амбасада на Кралството Шпанија
. Амбасада на Кралството Холандија
Меѓународни Организации:
. ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа
. Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ)
. Делегација на УНИЦЕФ, Скопје
. Делегација на Европската Унија, Скопје
Почесен преседател на Базарот 2016 е Н.Е. г-дин  Чарлс Гарет, Амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија, а главен покровител

Пронајдете не на следниве мрежи: