Додека месечари јаде тон храна

Секоја ноќ додека спие британката Лесли Кјузак го напаѓа фрижидерот во потрага за храна, а причината за оваа нејзина несвесна навика е ретко медицинско пореметување. Таа во сон внесува во своето тело дури и до 2.500 калории и е вистинско чудо што досега не се исекла или повредила, со оглед на тоа што дури и готви додека спие.
Педесет и петгодишната Кјузак од Варингтон, Чешир, Англија, ноќе дури и ја сече храната и се обидува да ја зготви на шпоретот кој работи на плин, на тој начин доведувајќи се себе во опасност.
Кјузак не се ограничува само на храна, туку се обидела да јаде и боја, вазелин и средство за перење садови.
Британката  инаку е разведена мајка на три деца, својот “грев“ кон храната извршен во ноќта го открива наутро, бидејќи ги пронаоѓа амбалажите и остатоците од храната.
-Почнав да наоѓам остатоци од храна и неред во кујната, но не сфатив дека тоа сум го правела јас. Кога на крај изедов се’, се чувствував многу засрамена и виновна, изјавила Лесли.
-Бев преплашена да не оставам отворена врата или да не излезам на улица и да доживеам некаква несреќа. Сум користела остри ножеви и беше прашање на време кога ќе ми се случи нешто посериозно, додала Лесли, која постојано затекнувала дамки од храна на својата облека.
Лекарите немаат објаснување за нејзината состојба, но веруваат дека пати од пореметување на исхраната кое се манифестира преку ноќ, во текот на сонот, кога личноста несвесно конзумира голема количина на храна.
 Секоја ноќ додека спие британката Лесли Кјузак го напаѓа фрижидерот во потрага за храна, а причината за оваа нејзина н

Пронајдете не на следниве мрежи: