Доделени наградите за најголем придонес во заштита на животната околина

Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, денеска /30.06.2016 година/ ги додели наградите на најдобрите во традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор и за најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.- Ми претставува особена чест денеска да ги доделам наградите на најдобрите во традиционалниот конкурс што Градот Скопје секоја година го објавува како дел од манифестацијата „Денови на пролетта – Денови на екологијата“. Целта на овој конкурс е да испратиме силна порака до граѓаните и до бизнис-заедницата да ја чуваат и одржуваат чиста животната средина, да ги наградиме оние што со своите активности најмногу придонеле за почиста и поздрава околина и да ги поттикнеме скопјани да ги уредат своите дворови и да придонесат за поубаво Скопје. Според условите на конкурсот, и годинава избиравме најеколошка компанија; најголем придонес во областа на заштитата на животната средина; најубаво уреден двор и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта. Со изборот за најеколошка компанија ја поттикнуваме бизнис-заедницата да посвети поголемо внимание на одржливиот развој и на воведувањето најповолни технологии, како и да ги почитува поставените еколошки стандарди. Со изборот за најголем придонес за животната средина ги наградуваме оние што сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, за заштита на медиумите и областа на животната средина и за намалување на користењето необновливи видови енергија. Со изборот на најубаво уреден двор на индивидуална куќа или станбена зграда директно ги поттикнуваме граѓаните да ги уредуваат своите дворови, да придонесат за поубаво и поуредено Скопје и преку својот личен ангажман да дадат пример и на другите граѓани. Наградите за најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта, пак, за нас се особено значајни за развивање на еколошката мисла кај нашите најмлади, зашто тие се идните лидери и носители на заштитата и унапредувањето на средината во која ќе живеат – рече Тодоровски, на доделувањето на наградите.

Наградата за најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO стандарди и придонес кон зачувување на животната средина) ја доби „ПАКОМАК“ – Друштво за управување со пакувања и отпад од пакувања, за проектот „3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар – 3Д екобус“.
Наградата за најголем придонес за заштита на животната средина и природата отиде во рацете на Јоти Поповски, м-р по еколошки науки, дипломиран инженер технолог, за поголем број проекти меѓу кои: анаеробни пречистителни станици со континуирана биофилтрација; постројка за отстранување на SO2 и прашина од парни котли и термички централи и биофилтер за отстранување нитрати од водата за пиење.

Наградата за најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување ја доби Драган Ангеловски, за двор во населбата Лисиче.
Наградата за најубаво уреден двор на објект за колективно домување припадна на Заедницата на сопственици од зграда на улицата Востаничка, на Водно.
Во категоријата најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта наградата ја доби Марта Ристовска, VII Б одделение во ООУ „Наум Охридски“, село Црешево. Меѓу учениците од средните училишта наградата за најубав состав ја доби Калина Танчева II-7, СУГС „Никола Карев“.
Во категоријата најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта наградата ја поделија Цветанка и Вероника Коруноски, III В одделение, во ОУ „Невена Ѓеоргиева – Дуња“. Наградата за најубав цртеж за ученици од средните училишта наградата ја поделија Ангела Ристиќ и Тамара Трпковска,  II-6 во СУГС „Димитар Влахов“.
 – Ми претставува особена чест денеска да ги доделам наградите на најдобрите во традиционалниот конкурс што Градот Скопје секоја година го

Пронајдете не на следниве мрежи: