Град Скопје и Агенцијата SWOT Research по десетти пат извршија избор за најдобри трговски објекти, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.Наградите за најдобрите трговски објекти за 2016 година ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
– Истражувањата на проектот „Месец на трговијата” се спроведоа во текот на месец ноември, каде тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите. Целта на оваа манифестација е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на Скопје – кажа градоначалникот Трајановски.
SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговците според примарните критериуми и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.
За трговски објекти за 2016 година се избрани следните:
Во категоријата „Модни додатоци и накит“
Божиновски
Б – Воч
Златар Тони
Во категоријата „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“
Агротехна
Нептун
Елипсо
Во категоријата „Компјутерска, аудио, аудио – видео и телекомуникациска опрема“
Телеком продавница
Сони Галерија
НИКО КОМПЈУТЕРИ
Во категоријата „Бутици“
Бела
Хуго Бос
Кеги Шуз
Во категоријата „Парфимерии и козметика “
Шатци
Ри-Ма
L' OCCITANE
Во категоријата „Салони за мебел“
Кристина Дамил
Акрон
Технокооп
Во категоријата „Супермаркети“
Гранап
Рамстор
ТинексНаградите за најдобрите трговски објекти за 2016 година ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
– Истражувањата на прое