Доделени нови 76 социјални станови во Прилеп

Со јавна распределба 76 семејство од Прилеп и прилепско денеска добија социјални станови. Според огласот што Министерството за транспорт и врски го објави во октомври минатата година, право на учество имаа седум категории на граѓани и тоа: деца без родители или родителска грижа, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди, инвалидни лица, социјално загрозени Роми, самохрани родители и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.За социјални станови во Центарот за социјални работи во Прилеп аплицирале вкупно 232 – ца граѓани од кои валидна документација доставиле 173 лица.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој присуствуваше денеска на јавна распределба истакна дека водејќи се од политиките на Владата на Република Македонија за згрижување на социјално ранливите категории на граѓани, предност при распределбата ќе имаат децата без родители или родителска грижа со навршени 18 години, а кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
-Во однос на системот за распределба сакам да потенцирам дека сите други лица влегуваат со еднакви шанси за добивање на социјален стан. Според доставената документација ќе се изврши бодирање на секој барател, согласно методологијата за бодирање на социјален стан под закуп, посочи министерот.
 Мисајловски потенцираше дека јавна распределба е прелиминарна и не е конечна. Тоа значи дека сите лица кои системот ќе ги исфрли како добитници на социјален стан, не значи дека ќе бидат и конечни добитници на станови.
-Почнувајќи од утре Комисијата составена од вработениво Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. Кај сите оние каде што фактичката состојба не одговора на приложените докумнети, ќе бидат исфрлени од листата и становите ќе бидат доделени на лица со ист или помал број на бодови доколку тие ги исполнуваат условите пропишани во огласот. По извршената контрола од страна на Комисијата, ќе се утврди конечната листа со добитници на социјални станови, рече Мисајловски.
Сите незадоволни граѓани ќе имаат можност во наредните денови да се обратат во Министерството за транспорт и врски да извршат увид во документацијата и да дадат забелешки во однос на распределбата.
-Сигурен сум дека денеска на 76 семејства од Прилеп животот ќе им го направиме по среќен добивајќи покрив над глава. Останатите, ве уверувам со политиките и мерките што ги презема оваа Влада сакаме на сите граѓани на Република Македонија да им овозможиме достоинствени услови за живот. Затоа во наредниот период ќе работиме на изградба на уште многу вакви згради,за да создадеме можности секој да има подобри услови за живеење, рече Мисајловски.За социјални станови во Центарот за социјални работи во Прилеп аплицирале вкупно 232 – ца граѓани од кои валидна документација доставиле 173

Пронајдете не на следниве мрежи: