Осумдесет нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти денеска додели градоначалникот Марјан Ристески.„Овие податоци говорат дека општината со добра динамика ги решава предметите за легализација, но напорот треба да е заемен. Без поддршка и соработка со граѓаните, процесот на легализација не може успешно да заврши, посочи градоначалникот Ристески.
Тој ги повика граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите.
„Овие податоци говорат дека општината со добра динамика ги решава предметите за легализација, но напорот треба да е заемен. Без под