Доделени првите сертификати за познавање на МОС Ворд од тестинг центарот во БеровоКако лидер во регионот, во Берово во изминатите неколку месеци се одржаа обуки за МОС ВОРД како дел од програмата за работа на првиот сертифициран компјутерски тестинг центар кој општина Берово го отвори во Бизнис инкубаторот во соработка со СЕРТИПОРТ.
Сертификатите за успешно поминати тестирања ги додели градоначалникот на општина Берово на 28 кандидати кои успешно ги поминаа тестирањата во тестинг центарот во месец февруари.
Во досегашниот период, обука е извршено на 4 групи со околу 40 кандидати, и во периодот кој следува продолжуваат тестирањата за дел од нив, додека преку активните мерки на Владата на РМ преку законските измени за државните службеници за кои се потребни познавање на компјутерски вештини наскоро ќе започнат и бесплатните обуки за пријавените невработени лица на огласите од Агенцијата за вработување на РМ преку мерката “Сертификација на активно познавање на компјутерски програми“.
Целата оваа можност со отварањето на тестинг центар во Берово е олеснување за вработените во јавните институции, како и невработените лица полесно да се стекнат со овие сертификати без дополнителни патни и други неопходни трошоци, и е дел од заложбите на градоначалникот на општина Берово Драги Наџински достапноста на овие обуки и тестирања да биде поблиска за граѓаните на општина Берово но и на останатите општини од регионот.
Тестинг центарот е отворен во Бизнис инкубаторот во Берово во просторија и опрема во сопственост на општина Берово, за која градоначалникот уште пред започнувањето на работа на истиот ја даде својата безрезервна помош и поддршка. Како лидер во регионот, во Берово во изминатите неколку месеци се одржаа обуки за МОС ВОРД како дел од програмата за работа на првиот сертифициран