Решенија за неповратни средства од посебниот фонд на Агенцијата за вработување, денеска им беа доделени на лица со посебни потреби.-Денеска во Центарот за вработување на Град Скопје ги доделивме решенијата од последниот управен одбор, од делот на барањата за неповратни средства во делот на посебниот фонд за вработување на лица со посебни потреби. Денеска се поделени средства на 69 компании, кои имаа поднесено во текот на 2015 година, односно вкупно 165 решенија само за 2015 година каде што се доделени над 140 милиони денари, истакна директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски.
Останати се уште 76 барања кои ќе бидат решени во текот на месец февруари во висина од околу 40 милиони.
-Со тоа се затвора поглавјето на доцнење од делот на посебниот фонд бидејќи во 2010 година, јас како директор презедов некаде околу 450 барања кои што стоеја нереализирани, над 650 милиони денари, со тоа што денеска доаѓаме на буквално затворање на тоа поглавје на доцнење и редовна и континуирана исплата на овие средства за сите оние што вработуваат лица со инвалидност, но и оние што се самовработуваат преку нашите мерки, односно преку мерката за самовработување на лица со посебни потреби, додаде Поповски.
Раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска, ги охрабри сите невработени лица кои имаат одреден инвалидитет да отидат во Центарот за вработување и да се регистрираат, бидејќи како што рече, постојат огромни можности за нивно вработување или самовработување.
-Постои мерка наменета само за нив која што е самовработување, каде што имаме посебни критериуми и исклучително дополнителна помош за овие лица, при давање на упатства како да се води еден бизнис, при изготвување на бизнис планот, при изнаоѓање на други лица кои ќе им помогнат при основањето, водење и проширување на бизнисот. Исто така имаме и мерка субвенционирано вработување која што исто така е наменета само за овие лица, но дополнително во сите останати мерки од Оперативниот план и сите услуги и активности кои ги спроведува Агенцијата за вработување се вклучени и оваа категорија на лица и нормално имаат приоритет, имаат дополнителна помош, потенцираше Алексовска.-Денеска во Центарот за вработување на Град Скопје ги доделивме решенијата од последниот управен одбор, од делот на барањата за неповратни средства