Градоначалникот Марјан Ристески сношти на отворената сцена на амфитеатарот во населбата Варош ги додели медалите на победниците на трката „Krali Marko Trail“ – 2016, со ова официјално беше затворен овогодишниот шести по ред настан „Krali Marko Trail“ 2016 – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот.Оваа година беа предвидени 4 патеки, со должини од 90км, 1км, 31км и 16км.
„Ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки и секој кој ќе ја заврши добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, посочија организаторите на планинскиот маратон Krali Marko Trails.
На меѓународниот планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“ – Krali Marko Trails 2016, оваа година учествуваа околу 300 учесници од различни држави, а за пофалба беше и трката за деца на која оваа година со помош на Општина Прилеп и училиштата беа пријавени околу 90 деца.
Оваа година беа предвидени 4 патеки, со должини од 90км, 1км, 31км и 16км.
„Ова е најдолгиот ваков планинск