Очекувам во наредниот период СЈО да ја интензивира својата активност во која цел ќе бидат функционери и министри од ВМРО-ДПМНЕ, а можно е таргет да биде и ДУИ, вели Додовски за Телеграф.мк.Параинституцијата специјално обвинителство се оддалечи од првичната цел за која беше формирана, а тоа е да испита кој и за каква цел прислушувал.
Поради последните настапи, СЈО го изгуби легитимитетот пред граѓаните, вели Марјан Додовски, поранешен претседател на НП. Тој очекува СЈО во следниот период во функцијата на кампањата на СДСМ да интензивира случаи против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
– СЈО не само што е главен туку е и единствен играч на СДСМ во изборната кампања на СЈО. Ова обвинителство избега од она што беше првична цел на неговото формирање, а тоа е да истражи кој и за која цел прислушувал. Се поставува прашањето кој може да им гарантира на граѓаните дека кога ќе заврши мандатот на СЈО, во јавноста нема да излегуваат разговори. На почетокот се тврдеше дека опозицијата е прислушувана, но досега не слушнавме ни еден разговор со политичар од опозицијата. Поради тоа, специјалното обвинителство веќе нема никаков легитимитет кај граѓаните. Очекувам во наредниот период СЈО да ја интензивира својата активност во која цел ќе бидат функционери и министри од ВМРО-ДПМНЕ, а можно е таргет да биде и ДУИ. Ова обвинителство треба да размисли што после изборите и колкава штета ѝ се нанесува на Република Македонија – вели Додовски за Телеграф.мк.
Тој се осврнува и на случувањата во неговата поранешна партија и можното коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.
– Таму се останати мала група луѓе, првенствено поради бизнис-интереси. Тие не треба да го држат членството во заложништво. Природно е оваа партија да се врати во ВМРО-ДПМНЕ, кој е главен стожер. Секое одење самостојно или во трет блок е контрапродуктивно. Вратите во ВМРО-ДПМНЕ се отворени за сите, а тоа искрено го нагласи и Ламбе Арнаудов – смета Додовски.Параинституцијата специјално обвинителство се оддалечи од првичната цел за која беше формирана, а тоа е да испита кој и за каква цел прислушувал.