Дојче Телеком ги бара најдобрите „IoT“ решенија за бизнис

Дојче Телеком ги бара најдобрите „IoT“ решенија за бизнис-Групацијата Дојче Телеком, чиј член е Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, го најавува интернационалниот натпревар „Business Wall of Fame“ во кој може да се пријави секое М2М бизнис решение
-Учесниците имааат шанса да добијат национална маркетинг кампања вредна 30.000 евра и да станат партнери на Македонски Телеком
-Дополнително, најдоброто „IoT“ решение на меѓународно ниво ќе биде промовирано од Дојче Телеком во своите национални компании низ Европа
Македонски Телеком, како член на групацијата Дојче Телеком, во Македонија за првпат го носи интернационалниот натпревар „Business Wall of Fame“, кој се однесува на „Интернет на нештата“ решенија („IoT”). На натпреварот можат да учествуваат сите развивачи кои имаат готови М2М решенија, односно, решенија за поврзани машини, кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници.
Со цел да се наградат иновативните „IoT“ решенија наменети за бизнис корисниците, Дојче Телеком, освен во Македонија, го започнува  интернационалниот натпревар Business Wall of Fame и во Австрија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словачка. Оваа меѓународна иницијатива ќе го направи деловниот живот поефикасен бидејќи во својот фокус ги става компаниите кои имаат готови М2М решенија коишто одговараат на бараните предиспозиции. Натпреварот е наменет за сите компании кои до сега немале можност, а сакале да ги промовираат своите „IoT“ решенија и да ги направат достапни за широката јавност. Иновативни решенија од сите индустрии, кои ја поедноставуваат работата на бизнис корисниците се добредојдени на натпреварот. 
Најдобрите „IoT“ решенија ќе влезат во финалето според бројот на добиени гласови од гласачи и поддржувачи на нивните решенија, по што стручно жири ќе ги избере победниците од националниот и од меѓународниот натпревар.
„Посветеноста на Дојче Телеком да биде пионер во примената на нови и подобрени, услуги и решенија кои носат нов квалитет во поширока смисла на зборот ја демонстрираме овој пат и во Македонија преку меѓународниот натпревар „Business Wall of Fame“, на кој очекуваме да се пријават сите компании кои развиваат М2М решенија во доменот „Интернет на нештата“. Не се сомневам дека во Македонија има многу конкурентни  ИТ компании кои имаат голем потенцијал и во нив се вперени нашите очи.  Со нетрпение го очекуваме откривањето на новите М2М решенија кои понатаму ќе поттикнуваат повеќе иновации“, истакна Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.                
Македонската компанија чие „IoT“ решение ќе биде прогласено за најдобро ќе освои национална маркетинг кампања во вредност од 30.000 евра и има можност да стане партнер на Македонски Телеком. Додека пак меѓународното решение кое ќе победи, може да стане партнер на Дојче Телеком во сите осум земји и да допре до потенцијални 10,8 милиони бизнис корисници.
„Нашата определба е да бидеме силни поддржувачи на иновациите и новата технологија и со многу активности  го потврдуваме тоа. Секогаш настојуваме да бидеме онаму каде што се создава новата технологија. Овој натпревар има за цел да ги награди и стави на пиедестал најдобрите иновативни М2М решенија, кои ќе ја поедностават работата на компаниите и ќе обезбедат развој на човештвото. Ги повикуваме сите развивачи и програмери кои имаат готови решенија да се пријават на натпреварот. Се надеваме дека со најдобрите ќе изградиме партнерски однос кој ќе донесе нови вредности и нов квалитет“, изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.
Исто така, и гласањето може да се исплати. Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат доколку се регистрираат и како поддржувачи на „IoT“ решенијата кои се нивен фаворит имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото „IoT“ решение.
https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109
 
Категории и награди од натпреварот „Business Wall of Fame“:
Национален победник: Најдобро „IoT“ бизнис решение
Рекламна камања вредна 30.000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер
Национален победник: Најдобар поддржувач на национално „IoT“ решение
Рекламна камања вредна 20.000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер
Специјална награда: Најдобро интернационално „IoT“ бизнис решение
Партнерството со Дојче Телеком во осум земји и можност за поврзување со потенцијалните 10,8 милиони бизнис корисници, како и меѓународна промоција во вредност од 10.000 евра
Распоред на настаните:
Аплицирање за учество на компаниите: 20 април – 25 мај 2015 Гласање на бизнис корисниците: 11 мај – 22 јуни 2015 Објава на победници: 7 јули 2015
Регистрирајте се на: https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109
Повеќе информации околу натпреварот, учеството, гласањето и условите на: https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109-Групацијата Дојче Телеком, чиј член е Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, го најавува интернационалниот натпревар „Business Wall of Fa

Пронајдете не на следниве мрежи: