Американскиот портал Хафингтон Пост, пишува дека на фреската Христово распетие од 1350 во манастирот Високи Дечани се наоѓа доказ за постоењето на вонземјаните. Имено, на фреската се гледаат два чудни објекти од левата и десната страна на Исус, пренесе „Блиц“.Теоритичарите на заговор тврдат дека овие несекојдневни прикази се всушност вселенски бродови и служат за да го докажат постоењето на вонземскиот облик на живот, но професор од Универзитетот во Њујорк смета дека тоа не е точно.
Како што наведува експертот за историска уметност, овие несекојдневни и чудни детали всушност се небесни тела, пишува овој американски информативен портал.
„Колку и да делуваат чудно деталите на фреската, тие претставуваат нешто сосема вообичаено: Месечина и Сонце.“ – наведува Денис Геранимус, италијански професор за ренесансни уметности од Одделението за историја на уметноста на Универзитетот во Њујорк.
„Без сомнеж, необичноста лежи во фактот што двете небесни тела, на некој начин го претставуваат „човек на Месечината“ ефектот, а ваквите прикази често се споменуваат во Евангелието“ – рекол италијанскиот професор.
Теоритичарите на заговор тврдат дека овие несекојдневни прикази се всушност вселенски бродови и служат за да го докажат постоењето на вонземскиот о