Доказот за вечниот живот лежи во квантната физика?!

Голем број научници сметаат дека животот по смртта е невозможен и дека е невозможно да се докаже дека постои. Но, еден од нив тврди дека животот е вечен и дека доказот е во квантната физика.Според теоријата на биоцентризмот, смртта не е конечна. Главната премиса на оваа теорија е дека животот е исход кој го создава Универзумот, а не обратно.
Тоа значи дека нашата свест го одредува обликот и големината на сето она што се наоѓа во Универзумот, па просторот и времето не се движат со оваа брзина, туку ние самите така сме го сложиле тоа во главата и затоа така и ги доживуваме.
Ако личноста прифати дека просторот и времето се конструкти на нашиот мозок и наша перцепција за реалноста, следи заклучок дека идејата за бесмртноста постои во свет во кој нема граници во просторот и времето.
Тоа значи дека физичката смрт не е конечна, според теоријата на биоцентризмот на професорот Ланца.

 
„Некој го гледа небото и знае дека тоа е сино, бидејќи така му е кажано. Клучот е во тоа што го гледате доколку ја нема вашата свест“, објаснува Ланца и додава дека свеста му дава смисла на светот.
Слично на ова, теоретските физичари сметаат дека постои бесконечен број универзуми со различни варијации на луѓе и ситуации кои симултано постојат. Како пример Ланца го наведува Јанговиот експеримент во кој научниците го набљудувале минувањето на честичките на светлината низ две дупчиња во пречка. Честичките се однесувале како куршум кој минува или низ едниот или низ другиот отвор.
Меѓутоа, доколку научникот не ја набљудува, таа се однесува како бран. Што значи дека може да мине низ двата отвори во исто време.
Тоа покажуваа дека материјата и енергијата можат да имаат карактеристики и на бран и на честичка, и дека однесувањето на честичката се менува во зависност од перцепцијата или свеста на оној што ја набљудува.
Според теоријата на биоцентризмот, смртта не е конечна. Главната премиса на оваа теорија е дека животот е исход кој го создава Универзумот, а не об

Пронајдете не на следниве мрежи: