Доколку се одлучите за овој тип на врска, потребно е и двајцата да сте на иста бранова должина, во спротивно не е дозволено и прифатливо. Оваа врска со себе си носи одредени правила кои ќе морате да ги почитувате:Искреност на прво место
Пред сè мора да ги отворите картите и искрено да разговарате со партнерот. Уживате да бидете заедно, но чувствувате дека во вашиот живот има простор и за некој нов. Истовремено не сакате да го изгубите сегашниот партнер. Разговарајте разумно за тоа дали би можеле да функционирате како пар, во таков однос.
Преиспитајте се и обидете се да сфатите дали е во прашање само моментално чувство на монотонија во врската и дали ви е потребно да се потрудите малку повеќе или навистина сте подготвени за ваков комплициран однос.
Ако двајцата не се согласите дека тоа е она што ви е потребно, тогаш разговарајте на кој начин може да ја подобрите вашата моногамна врска.
Потребни ви се цврсти правила
Без нив отворените врски не можат да функционираат и тие мора да се почитуваат. Двајцата партнери мора да се договорат за она што го сакаат во својот однос. Ова се чести правила на успешната и отворена врска:
1. Секс со заедничките пријатели е забранет.
2. Сексуалните состаноци со други личности не смеат да влијаат на вашите заеднички планови и обврски.
3. Секогаш практикувајте секс со заштита.
Одредете ги границите
Ако не сакате да знаете со кого се гледа вашиот партнер, кажете му го тоа јасно. Истото важи и за него. Можеби не сака да слуша детали за новата личност во вашиот живот. Јасно поставете ги своите граници и до кое ниво ќе се впуштате во разговор со својот партнер.
Бидете подготвени за бура од емоции
Почетниците во отворените врски можеби не сфаќаат дека ваквиот однос може да предизвика голема љубомора, лутина и забелешки. Мора да знаете дека свесно сте влегле во ваква врска и сте дозволиле партнерот да се гледа и со други. Поради тоа мора да ги смирите страстите и не смеете да си префрлувате ништо еден на друг.
Прекинете ја врската ако ве прави несреќни
Отворената врска мора да биде заедничка одлука. Ако во кој било момент почувствувате дека веќе не ви е пријатно во ваквиот однос, јасно кажете му го тоа на партнерот. Ако престанете да се гледате со други, а вашиот партнер продолжи, тоа веќе не е отворена врска, туку изневерување. Истото важи и во обратна ситуација.
Искреност на прво место
Пред сè мора да ги отворите картите и искрено да разговарате со партнерот. Уживате да бидет