Тајната на убавиот изглед се должи на природните состојки кои ги има во зеленчукот. Ќе ви го откриеме рецептот на напивката која го чува вашето здравје, ја подмладува кожата и помага во регулирањето на телесната тежинаЗа подготовка на природната “face lifting”напивка која на вашата кожа ќе и даде цврстина и еластичност потребни ви се : краставици, целер и органски зелен чај.
Кофеинската киселина и витаминот Ц имаат смирувачко и благо дејство, а силицинската киселина е многу важна за одржување на здравјето на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинација со водата природно ја хидрира и дава на кожата здрав сјај.
Б комплекс витамините кои ги има во целерот го стимулираат претворањето на јаглените хидрати во енергија, го спречуваат штетното дејство на слободните радикали и кожата ја прават да биде здрава и сјајна.
Високото ниво на антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Ц и Е со кои се богати го забавуваат процесот на стареење на кожата.
За оваа напивка потребни ви се:
– 2 излупени свежи краставици
– 4 стебленца од целер
– 2 чаши органски зелен чај
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро изблендирајте, по потреба додадете малку вода доколку мешавината е многу густа. Напивката пијте ја што е можно поскоро по подготовкатаЗа подготовка на природната “face lifting”напивка која на вашата кожа ќе и даде цврстина и еластичност потребни ви се : краставици, цел