Доктор Оз открива: 3 меѓународни тајни за слабеење

Во секојдневната исхрана вклучете кисел зеленчук (туршија) и житарици.Популарниот др. Мехмет Оз откри во својоата емисија три меѓународни „тајни“ кои го гарантираат слабеењето. Ако ги вклучите во вашата секојдневна исхрана, може да изгубите од 8 килограми во текот на 12 месеци.
Меѓународна тајна бр.1
– Во киселиот зеленчук скоро и да нема калории, затоа тоа претставува и идеална храна за многумина – објаснува др.Оз.
Оцетот кој при тоа се користи може да го олесни губењето на килограмите или пак да го спречи дебелеењето. Од друга страна, кај ваквиот зеленчук треба да обрнете внимание на количината на сол и шеќер која ја содржат.

 
Меѓународна тајна бр.2 – Швајцарија
Тајната на виткиот струк на Швајцарките лежи во утрешната порција мусли – житарки
– Постојано им препорачувам мусли на личностите на кои им е досадено од кашата од зоб.
Станува збор за житарки со цело зрно, што значи дека тие ќе ве заштитат и ќе ви помогнат да не посегнете по нешто благо, – тврди популарниот телевизиски лекар.
Овие житарки јадете ги со млеко или јогурт кои содржат малку масти (0,9 отсто), а можете да додадете и рака свежо топчесто овошје или плодови како што се оревите и лешниците.

 
Меѓународна тајна бр.3 – Јужна Африка.
За разлика од црниот чај, роибос чајот не содржи кофеин, што го прави прикладен за консумирање во текот на целиот ден, а особено е добар за луѓето кои патат од несоница, пореметување на спиењето, стрес и напнатост. Со оглед на тоа ека е природно сладок, не е потребно дополнително да додавате шеќер. Обидете се да го замените кафето со овој чај и бидете сигурни дека ќе изгубите 3 ипол килограми во текот на една година. Може да се пие ладен, а може да се меша и со сок од портокал. Некои го користат дури и за коктели. Популарниот др. Мехмет Оз откри во својоата емисија три меѓународни „тајни“ кои го гарантираат слабеењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: