Доктори, пациенти со астма и луѓе кои сакаат да помогнат во подигање на свесноста за оваа болест утре (5 мај, вторник) во 11 часот ќе учествуваат во трка на 500 метри која ќе се одржи на Кејот на реката Вардар во близина на „Сити хол“.Настанот ќе го води Огнен Јанески и е организиран по повод светскиот ден на астмата, 5 мај, кој годинава глобално се одбележува под мотото „ Вие можете да ја контролирате астмата“. Идејата е да се покаже дека болеста не треба да им биде пречка на луѓето кои треба да продолжат да совладуваат кратки и долги патеки и да уживаат во животот со полни гради.
Учеството во трката е отворено за сите заинтересирани, а веќе е потврдено присуството на доктори од Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје, Клиниката за детски болести како и луѓето кои се борат со ова заболување. По завршувањето на настанот, во „Сити хол“ во 13 часот ќе се одржи конференција по повод светскиот ден на астмата која ќе ја отворат докторките и професорки Бисерка Јовковска Ќаева и Аспасија Софијанова. Потоа проф. д- р. Ангелко Ѓорчев ќе ги претстави новите истражувања и сознанија на полето на астмологијата додека Горица Брешовска ќе одржи предавање на тема „Астма и спорт“.
Доктор Дејан Докиќ ќе говори за имунотерапијата кај пациентите со алергиски ринитис и астма, а конференцијата ќе ја затвори Валентина Цвејоска Чолаковска која ќе зборува за квалитетот на живот како маркер за клиничка стабилност кај децата со астма.
Организатори на овие настани се: Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија, Пулмолошкото здружение, Педијатриското здружение, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Универзитетската клиника за детски болести. Астмата изминативе години го носи приматот епидемија на 21. век и сè почесто на удар се лица помлади од 18 години. Во светот се регистрирани повеќе од 300 милиони случаи, а проекциите се дека до 2025 година тој број ќе се зголеми за 100 милиони.
Астмата е хронично опструктивно воспаление на дишните патишта кое е проследено со различни симптоми меѓу кои и тешко дишење, кашлица, стегање во градите и загуба на здив.Настанот ќе го води Огнен Јанески и е организиран по повод светскиот ден на астмата, 5 мај, кој годинава глобално се одбележува под мотото „