Доктори, пациенти со астма и луѓе кои сакаат да помогнат во подигање на свесноста за оваа болест вчера учествуваа на кратка брзинска трка која се одржа на кејот на реката Вардар во близина на „Сити хол“.Целта прв ја помина Арѓент Муча, доктор на Клиниката за ендокринологија кој патеката ја истрча за 45 секунди. Модератор на настанот беше Огнен Јанески и беше организиран по повод Светскиот ден на астмата, 5 мај, кој годинава глобално се одбележа под мотото „ Вие можете да ја контролирате астмата“. Идејата беше да се покаже дека болеста не треба да им биде пречка на луѓето кои треба да продолжат да совладуваат кратки и долги патеки и да уживаат во животот со полни гради.
Учеството беше отворено за сите заинтересирани, а трчаа доктори од Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје, Клиниката за детски болести како и луѓето кои се борат со ова заболување. По завршувањето на настанот, во „Сити хол“ се одржи конференција по повод Светскиот ден на астмата на која истакнати стручњаци од Македонија презентираа нови сознанија на полето на астмологијата.
Организатори на овие настани беа: Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија, Пулмолошкото здружение, Педијатриското здружение, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Универзитетската клиника за детски болести.
Астмата изминативе години го носи приматот епидемија на 21. век и сè почесто на удар се лица помлади од 18 години. Во светот се регистрирани повеќе од 300 милиони случаи, а проекциите се дека до 2025 година тој број ќе се зголеми за 100 милиони. Астмата е хронично опструктивно воспаление на дишните патишта кое е проследено со различни симптоми меѓу кои и тешко дишење, кашлица, стегање во градите и загуба на здив.Целта прв ја помина Арѓент Муча, доктор на Клиниката за ендокринологија кој патеката ја истрча за 45 секунди. Модератор на настанот беше Огнен Јане