Документарец кој ја шокира Грција

СКАЈ ТВ – 1821
“Секоја нација треба да ја смета за своја онаа Историја, која е втемелена врз вистината”.
Дионисос Соломос 1847.Неодамна, на интернетската мрежа Фејсбук ( Facebook ) изненадно се појави Видео со неочекувана содржина, барем за нас Македонците, но шокантна за цела Грција. Се работи за создавањето на современата грчка држава, како резултат на нивната Револуција од 1821 година. Ништо неби било необично, кога би се темелила врз вистинската античка историја и врз вистинските историски процеси од тие времиња, но пошто тоа не е така, шокот на грчката јавност е катастрофален. Катастрофален, зошто овај Видео ги открива сите лаги и невистини за гнилите темели на денешнава “демократска” Грција, која нема никаква врска со античките државички  и со центарот на културата и науката во Атина, врз која се темели денешната западна цивилиза
Овој документарец ги открива сите ѕверства и на грчкиот клер од тие времиња, а кои се протегаат до денес,  а нарочито врз националните малцинства, меѓу кои се и Македонците.
Тежината на фактите со кои врие ова Видео му ја даваат многубројните учесници во разговорите, а кои доаѓаат од многу високообразовни светски институции, меѓу кои и од самата грчка научна елита.
Видеото, за кој е збор во овој мој текст е делумно на грчки, а повеќето на англиски јазик. Верувам, дека многу од нашите иселеници во странските земји кои имаа можност да го видат овој важен документ, без потешкотии ја следеа неговата содржина, но исто така, многу имаа извесни потешкотии со енглескиот јазик. За оние кои имаа потешкотии со јазикот, се потрудив да им помогнам – им ги преведов текстовите на македонски, најдобро што можев.
А сега, да ја започнеме прикаската за стварањето и развојот на денешната современа грчка држава, една од нашите не’ баш најдобри соседи, за која би се можело нешто добро или пофално да се рече од наша, македонска страна. Но сепак, нема чаре од поплаки или враќање лошо за лошо, од што нема никој ќар, туку само штета. И ако доцна, но сепак, вистината и правдата пополека но сигурно излегува на виделина.
Совеста кај чесните луѓе не е за потценување, што се гледа и од исповеста на самите претставници од грчката научна средина, важна за идниот развој на добрососедските односи по меѓу грчкиот и македонскиот народ.
                                               ***************
Еве, вака да започнеме:
“На 27 септември 1831 година, на главниот пат за Нафплиос, беше убиен Јоанис Каподистрија, првиот претседател на новата грчка држава. Со неговото убиство,  земјата ја зафати нов циклус на граѓански воини. Наскоро потоа постана јасно, дека сите напори на грчкиот претседател да створи нова  функционално независна и при тоа снажна држава, останаа безплодни. Излезе на виделина, дека Грците не се кадри да имаат држава, а камоли со неа успешно да владеат. ”
Овие беа зборовите на водителот на грчката ТВ Скај,  поведувајќи не  низ историските настани, кои доведоа до стварање на денешната грчка држава по прв пат со името Грција и продолжи:
“Заглавени во времето на Отоманската империја, не беа способни да и’ погледаат в’ очи на иднината. Правејќи огромни напори да си ги задржат привилегиите кои ги уживаа до тогаш, упорно се противеа на секакви измени во нивниот статус, кои неспорно би дошле со новата грчка држава, во која би владеел редот, правото и правдата. ”
“Гледајќи од страна што се случува на овие простори, европските сили веќе им најдоа лек на несложните Грци. Само требаше да се изнајде лидер и идеологија, кои би ги обединиле.  И така и’ дојде времето на монархијата: – формирање на првото грчко кралство. Картите беа фрлени на маса и потоа отпочна играта, како следи.”
СТВАРАЊЕ НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МИТ:
Во 1832 та година, грчката кралска круна не беше нешто што се посакува како потреба, туку како нужда, наметната од надвор. После долгите немири и безмилосни уништувања, земјата немаше што добро да понуди. Многу поважно од самото стварање на некаква нова држава беше идеата,  која би ја поврзала денешницата со старата грчка култура, која нестана од овие простори пред многу векови, но со тоа и од  главите на сегашните луѓе.
Баварскиот монарх Лудвиг I , еден од најголемите хеленовљубеници, отиде најдалеку во реализација на тој проект. Неговата сестрана подршка на грчката Револуција за самостојност и стварање на кралството грчко на чело со својот се’ уште малолетен син Ото, не беше случаен чин.
Во времето кога англичаните ги крадеа мраморните оставштини од Партенон и ги пренесуваа во своите музеи или приватни збирки, при што најмногу се “истакнал” Лордот Хелгин, Лудвиг I внимателно од нив правел копии и ги поставил на видни места во својата германска држава. Така,  тој од Минхен направил нова Атина во срцето на Бавариа, чија убавина и денес е присутна, далеку  од самата денешна Грција, како вечен спомен на неговата љубов кон Хеленизмот и неговите вредности.
За времето на Лудвиг I, во образовниот систем на оваа мала германска држава је воведен старогрчкиот јазик како обавезен наставен предмет, заедно со литералната и научна оставштина на учените луѓе од античка Грција. Така, Бавариа до 1830 тите години постана центар на вљубените во Хеленизмот, а Минхен изгледаше повеќе грчки од самата Атина. Многу баварски уметници, поддржани од самиот Лудвиг I , често патуваа низ грчките простори инспирирани од класичното минато на земјата и длабокиот романтизам на времето.
Петар Вон Несс, еден од тие баварски уметници доби и специјална задача. Имено, неговата задача беше да ја овековечи револуцијата од 1821 година, забележувајќи ги сите важни настани со портрети и цртежи. Тие портрети на истакнати херои и на поважни настани до ден денешен останаа најважни уметнички дела во грчката историја.
Спрема зборовите на Вилиам Сент Клер (William St. Clair) од центарот за историја при Универзитетот во Кембриџ, до 1830 тата година Грција била првата независна национална држава во Европа, благодарејќи и’ на “Ѕвездата”, односно на Античка Грција. Па спрема традиционалните погледи на монархистичките влади во тоа време се сметало, дека слободата на Грција значела препород на една стара цивилизација, која ја ценат и почитуваат сите во светот.
“И така по ред, сонот на големиот вљубеник во Хеленизмот, баварскиот монарх Лудвиг I, засилено почна да се остварува.Утрото на 6 ти февруари 1833 година,  17ет годишниот негов син Ото пристигна во Нафплиос, а наскоро по тоа, тој се скраси во Атина, новата престолнина на грчката држава.Се разбира, новиот крал не допатува сам. Со него пристигнаа повеќе од 3500 воени и административни инструктори со цел да воспостават административен модел по урнекот на онај во Баварија. Покрај ова, тие имаа и други,  поважни цели од наведените. Требаа  одвоените делови од грчката територија да ги припојат и така да створат обединета нова грчка држава и на крајот да креираат нов национален идентитет.”
“Новата власт која беше наскоро формирана, се сретна со многу тешкотии и пречки во својата работа. Се сретна со поделено општество, уништено стопанство и т.н.т. Нејзините приоритети не беа само воспостава на мирот и редот во државата, туку пред се’ креирање на новиот грчки национален идентитет. Идентитет, кој би го обединил општеството и би го изменил традиционалното сваќање за идентитетот, во идентитет на модерна нација.”
Во своето излагање појасна Пашалис Китромилидис, професор по политички науки при универзитетот во Атина.
Во поглед изборот на Атина за престолнина на новото грчко кралство констатирано беше, дека тоа е направено од посебни и логични причини. Една од нив е истакната како клучна, а таа е поврзана со меѓународното признавање на Античка Грција, како појдовна база за признавање на новата државна творевина, како Грција. Впрочем оваа идеа беше оживотворена уште во самиот почеток на грчкиот проект од страна на Лудвиг I, кога тој одлучи на престолот на новата држава, која го носеше името Хелас а не Грција,  да го постави својот уште не полнолетен син Ото.
Во своите проекти спрема новото грчко кралство, Баварците имаа и многу други изненадувања; – да избришат секоја трага и спомен од отоманското минато на Атина и пошироко, при тоа обновувајќи ги сите антички споменици во главниот град и тоа за чудо, по минхенскиот модел. Но, не сосема неочекувано, главен приоритет на новата држава   и понатака остана, признавање на грчката оригиналност .
Прва работа по стапувањето на грчко тло што Ото ја направи беше средување на државните финансии и враќање на старата Драхма од пред 2000 години, укинувајќи го Фениксот,  што го избра убиениот прв претседател Јоанис Каподистријас во 1831 година. Потоа, новиот монарх ги преименува сите улици во Атина со имињата на античките филозофи, античките драмски писатели, како и со имињата на хероите од востанието од 1821 та година. И така, се што беше поврзано со античка Грција, преку ноќ постана симбол на новата држава.
Користењето на официјалниот  грчки јазик од тоа време, Баварците го правеа со особена чувствителност и љубов, уверени,  дека зборуваат на старо грчки. И така, ова идеализирање на старогрчкиот јазик постана темел во одгојот на грчката интелигенција, за среќа или можеби несреќа. До колку тоа не се случеше, највероватно денес Грците се’ уште би зборувале Арванитика, односно Албански.
Но, соработката во грчкото кралство не беше лесна работа. Грците постојано се во меѓусебни судири и никако да најдат заеднички јазик ни за најелементарните потреби на своето општество. Нивната политичка сцена е толку разединета, да е напросто невозможен заеднички соживот на нивните политички субјекти. Национално единство Грците можат да постигнат само со мешање на фантазијата и историјата, при што успеваат да си створат митови, од кои ја црпат потребната им енергија за преживување. Ништо чудно! Нели?
Во една ваква, скоро хаотична состојба во ново компонираното грчко општество потребно е да се повикаат легендите во помош, како би се тргнало напред во некаков соживот. Да се створи некој нов идентитет, што ќе ги обедини сите субјекти на кралството. Но, од каде да се започне во случајов со новиве “Грци”? Секако, прво со редукција на Историјата и со бришење на некои факти кои не држат вода.
Можеби е малку чудно кога се зборува за редукција на историските “факти”, зошто тоа не почна да се практикува прво во Грција, туку  во Минхен, новата Атина, за времето на неоклсичното кралство на Лудвига I.Тој, впрочем, наместо да ја редуцира грчката историја, со градење неокласични монументи и споменици во својата престолнина Минхен, заправо ја редуцира својата сопствена историја. Една од таквите градби која Лудвиг I ја издигна во својата  престолнина е и Пропилаја. Исто така, тој во чест на грчката Револуција од 1821 година, во центарот на Минхен изгради велелепен споменик на кои со големи грчки букви се исписани имињата на сите оние учесници во неа, кои одиграа значајна улога во стварањето на новата грчка држава. Покрај веќе спомнатите, тука се и имињата на сите оние кои одиграа важна улога од политички, општествен, идеолошки, црковен и други значај за ослободување на Грција. Еден до друг со своите имиња можат да се видат и Рига Фереоу и патријархот Грегори и ако биле идеолошки противници. Не е занемарено ни името на Јоанис Каподистријас, како и името на Адамантиоу Кора и многу други “херои” на Револуцијата и ако биле повеќе пати на овај или онај начин меѓусебно спротиставени и дури пукале еден врз друг. Но, сепак биле историски личности и придонеле за ослободување на новата грчка држава и како такви биле почитувани.
Баварскиот монумент јасно ја прикажува логичноста, патот и начинот на кој и  како историјата на Револуцијата од 1821 би требала да биде напишана. 0во е, како е наречен, мит од 1821. Тој исто така докажува, на свој начин, дека нацијата може да се препороди, обнови и покрај доживеаните трагедии од секакви врсти и величини, па дури и од разни криминални или злосторнички настани во чие организирање или извршување учествувале  високи функционери од државните институции, војската или црквата. Така е створена легендата од 1821, која се темели негде и врз нешто, со цел да го оправда злото како пожелно, во стварањето на “доброто” како нужно. Меѓутоа, сите легенди имаат свој почеток и не се појавуваат само така, како некој случаен настан. Ова беше патот и начинот да се конструира платформата за унификација на новата грчка држава и нејзината идеологија, која од една страна ги збунуваше некои историчари, а од друга страна пак , ширеше чувство на заедништво и некоја сигурност на луѓето за да преживеат.
Покрај се’ горе реченото, а да би се избегале некои идни потреси и незадоволства во кралството, нужно било да се изнајде некој силен амалгам кој на адекватен начин би ги држел во мир и спокој широките народни маси. Тука дошла во помош грчката православна црква, која, меѓу другото, одиграла голема улога и во обединувањето на Румелија и Пелопонез, дури и многу повеќе од Богослуженијата, во античките времиња.
Увидувајќи ја моќта на Црквата, Баварците во 1833 та година   и’ овозможиле автокефалност (самостојност) и потоа ја ставиле во служба на кралската круна.
Бидејќи за време на Револуцијата Црквата стоеше настрана и неодлучна кон кого да се приклони, а при тоа да не ги изгуби стечените привилегии, сега требаше да и’ се даде некое признание. Така се започна со симплификација на приказната за нејзината тогашна улога, како небаре и ако не ја подржувала Револуцијата и нејзините цели, таа тоа го правела од некој си “тактички” причини. Инаку, нејзините великодостојници од почетокот биле истомисленици и подржувачи на идејата за борба против Османлиите, што в’сушност не е вистина.
Гога патријархот Грегориј V се повлече од Револуцијата, при тоа проколнувајќи го водачот Александар Ипсилантис, тој не го направил тоа од никакви тактички причини, како што некои го тврделе тоа. Не, ни пошто! Тоа го направил од интересни причини, истакнувајќи ги божемните принципи на Црквата да се бори против сите насилства и неправди, што заправо такво нешто никогаш не било во мислите на мнозинството клерици.
Со проколнување на  Револуцијата, продолжуваа соговорниците во документарецот на ТВ Скај, тие неги спасија животите на Османлиите.Тоа беше фатална грешка,  која црковните великодостојници никогаш не успеа да ја разберат. Нивниот потег беше само инспирација на другите да земат масовно учество во воените дејствија на Револуцијата и да излезат како победници, по цена на огромни штети по земјата, но особено со злосторства врз невооруженото и недолжно турско население.
Како производ од симплификацијата на улогата која грчката православна црква ја изигра во најклучните времиња за стварање на новата држава, се изроди и нејзината глорификација како, божем, ” нашата Црква беше прави чувар на националната ризница и заштитница уште од времињата на робовласништвото, кога хероите го запалиле оганот на националните идеали и ги покренале масите за обнова на Татковината.”
Поврзувањето на Црквата со националноста, изроди модерен национализам, а со него пак и митовите, од кои најпознат беше митот за тајното училиште. Важноста на овој мит се состоеше во “големите жртви” кои свештениците ги претрпиле при ширењето на грчкио јазик меѓу народот, а особено меѓу децата и покрај забраната од страна на турските власти. Овој мит е овековечен во делото на сликарот Николаус Гисис под името : “Тајно училиште” од 1886 г. Инаку сликарот Гисис и’ припаѓа на минхенската школа која ги продолжува баварските традиции на љубителите на Хеленизмот и на хеленистичките сликари, проектирајќи настани од грчката револуција 1821.
“Тајно училиште” , од историско гледиште е потполно лажна проекција на настани од тие времиња, и ако пленува со својата реализација и угодна атмосфера. Нејзината силна порака гласи : “Така деца мои! Дури и вие, во вашата рана младост, треба  да сторите се’, како би нашата татковина била пак слободна.”
“Тајно училиште” е подоцнешна креација на државата, во 1886  та година, од посебни причини;- Религијата да се зацврсти уште повеќе и да и’ се даде важно место и во образованието на земјата, поред другото и како еден од одбранбените механизми на Државата.
Митот за улогата на грчката православна црква во новото грчко општество не престанува тука. Тој продолжува дури и во денови денешни, со нејзината арогантност и бруталност.
“Со зацврстувањето на новокомпонираната грчка држава врз темелите на Револуцијата од 1821 та година, одлучено е и Црквата да си го најде своето место во неа, како нејзин активен актер. Се разбира дека во Револуцијата, како и во секое народно востание, зедоа учество и некои свештени лица, но тоа не и’ дава за право на официјалната црквена хиерархија да ја присвојува нивната храброст и патриотизам и да ги прикажува како своје дело, зошто тоа не е вистина. Грчката православна црква во тие времиња не беше дел од таа Револуција ни најмалку, туку против неа и духовно и фактички. Нејзините материјални интереси беа изнад интересите на народот.” Истакнува еден од учесниците и продолжува.
“Јас не мислам дека Турците беа загрижени со кои јазик се служат поданиците на Империјата. Дали со грчкиот или со славјанскиот. Тие се грижеа за своите луѓе да се служат со јазикот на Исламот. Што и да зборувале Христијаните, на Турците им било се’ едно. Со тоа не се занимавале се’ дури мирот во Империјата бил сочуван. Јас сум уверен, дека јазикот не ги загрижувал ни малку. Се’ друго се бајки за деца.”
Кога се зборува за јазикот, вистина е дека за времето на владеењето на Турците грчката црква играше важна улога во ширењето на грчкио јазик меѓу народот, како и во генерациското културно преживување во тие времиња. Меѓутоа, 100 години пред Револуцијата, граѓанското движение на средната класа веќе се избори за своето право да се школува на својот мајчин јазик. Во градовите со мнозинство на грчко становништво се отвараа училишта во кои предавањата се изведуваа на грчки јазик, а материјата беше претежно од старогрчката наука. Малку по малку, Ренесансата почна да допира на секаде, па и во градовите на мнозинската отоманска територија, каде традиционално беа сместени и грчките училишта. Меѓу таквите центри беа Јанина, Смирна (Измир), Кидонис и по доцна во Истанбул . Исто така, постоеја и образовно воспитни центри на Пелопонез во кои се воспитуваа деца и други кадри, кои после се вработуваа ширум градовите со грчки училишта. Со ваквата преродба дојдоа и сите други општествени и интелектуални промени, кои ја водеа земјата во Револуција.
1821 – ВРЕМЕТО НА РЕВОЛУЦИЈАТА
После 7 години од завршетокот на Револуцијата, претседателот на државата, Јоанис Каподистријас,  беше запрашан од европските влади за бројот на турското становништво на Пелопонез. Каподистријас им даде две броики и тоа во 1821 година 42,000 лица и после завршетокот на војната, ниту еден турски граѓанин. Во оваа вистина денес Грција неможи или несака да верува, зошто таму имаше и премногу турско население, а сега да ги снема сите без трага. Тие живееја на секаде по грчката територија во мали заедници како земјоделци, занаетчии, трговци, вработени во државните институции……Нивните семејства не знаеле за некоја друга земја во која би се преселиле, а сепак за кусо време им се изгубила секоја трага. Што се случило со една таква голема бројка на луѓе?  После 1821 година за само неколку недели беа сите убиени без разлика на спол или возраст. Нив, 42,000 Турци. Мажи, жени, деца, стари и млади, сите заедно нестанаа од лицето на земјата. Без суд, без докажување на виновност ….. И никој за тоа не беше земен на одговорност.
Масовното убивање за сигурно беше дел од Револуцијата, што од оваа временска дистанца го доживуваме како уште еден мит околу грчката воинственост и “храброст”. Како уште еден мит од 1821 та година. “Но, имаше исти такви убиства и од страната на Турците” , велат некои, како да бараат некоја сатисфакција за злосторниците и нивните нечесни дела.
За овие настани околу училиштата кружат безбројни легенди , со цел да се разјаснат страшните злосторства над невиното турско становништво. Но не е тоа така лесно да се објасни, а да при тоа не останат длабоки траги во душите, особено кај децата. Како може некој да му појасни на детето дека татко му, дедо му или некој негов близок роднина немилосрдно убивал Турци? Да колел невини деца заедно со неговите родители и потоа ги фрлал во градските бунари? Како може да им се појасни дека многу предмети кои се денес во нивните домови покрадени од домовите на тие невини луѓе кои ги нема веќе меѓу живите за да ја кажат вистината за својата прерана смрт? Ако сето ова им го кажеш, би биле запрепастени, па можеби и ви одговориле со прашање; – ” Па зарем ние сме поарни, дедо, од нив? Која е разликата меѓу нив и нас? Каде е нашата морална супериорност?”
Островот Чиос со право постана вистински пример на грозоморно место кое проголта иљадници невини луѓе. Постана грозоморно место на турската трагедија, за време на грчката Револуција. И ако има и многу други места каде се извршени масакри над невини турски граѓани од разни регуларни и паравоени формации, сепак, Чиос остана лендмарк по злосторствата и најпознато стратиште на светот.
Насилствата во тие времиња беа вообичаени настани. Не беше ништо чудно да се влезе во некое место и да се потаманат луѓето како да не се луѓе. Крволочноста на грчките банди немаше граници. Владееше правото на ножот и куршумот. Насилството беше средство да се преживее или да се владее со послабиот. Многу добронамерни денес се прашуваат; – Вистина ли е дека се случило некое проклетство во Триполикас? Да, навистина масакри се случија во Триполикас , но зарем и Турците не правеа зулуми и масакри во многу земји од својата империја? Но за чест на вистината, од сите масовни истребувања на ненаоружаното турско население, а спрема постоејќите документи, најлошо поминаа  жителите на Триполикас. Кога Грците го освоија градот, во него живееја над 35,000 Турци. Од нив никој не остана жив.
Разорувањата и штетите кои уследиле од воените деиствија, се рефлектираа во потполност во песната за слободата од Дионисиос Соломос. Неговата поезија, 40 години подоцна,  беше користена за национална химна на грчката држава. Од целата негова поезија, околу 158 творби, многумина знаат само по некоја строфа. “Ако прочитам повеќе од две строфи,” вели еден од грчките учесници во овој документарец, “ќе откријам дека нашата национална химна не е само химна за слободата, туку сведоштво за зулумите над недолжното население. Ево како е тоа прикажано графички од што се гледа грозомората на настаните: “Погледај како очајнине раце го кинат животот. Ги расфрлуваат ноѕете, рацете и мртвите глави на убиените. Сабји и синџири измешани со сивине мозоци исфрлени по земјана. Напукнати черепи и делови од внатрешнината на абдоменот…Се’ во еден неопислив ужас. Оф, оф! Што е доста, доста е.”
“Долго ќе траат и ќе се споменуваат овие злосторства. Нашата национална химна содржи се’ друго, а најмалку зборови за слободата. Таа ги содржи ужасите и насилствата на Револуцијата. Верувам дека Соломос не е толку наивен од колку се мисли да е. Читајќи ги строфите за слободата на нашата национална химна се стекнува уверување, во поетски смисол, дека таа е реалистична вистина за  тоа време на нашата Револиуција. Нашата Револуција од 1821 та година, како и секоја револуција, е крвава приказна. Таа сведочи за протерувања, реваншизам, епидемии, глад, убивања, грабежи, насилни преселувања и робства. И Грците и Турците настојуваат овие настани да ги стават зад себе и да ги заборават. Ако можат. Новата власт треба да се организира и да профункционира врз урнатините на Револуцијата,  а да би се постигло тоа, дел од минатото би требало да се избриши. А како? Со идеолошкиот патриотизам втемелен врз баварскиот модел, а потоа него да се замени со “славното” наследство од античка Грција. Арно, ама стварноста е извонредно тешка да се менува преку ноќ. Во Атина, но и на секде по Грција, се гледаат спомени од изминатите времиња издробени на стотини парчиња кои би требало да се преспојат во едно цело. Сите историски траги стари со стотици години веќе одамна ги нема. Интензивно се  бришат секакви врски со Отоманската империја и на се’ што новата грчка држава ја потсетува на тие времиња. Сета оваа работа би требала да доведе до потполна чистота и непрекината врска со одамна нестанатата античка грчка култура.”
Овие накани на новокомпонованата држава можат да се сметаат како накани на луѓе кои го загубиле компасот и здравиот разум, или како смешни и не сериозни, но најповеќе како надвор од цивилизациските норми во однесувањето со историската наука. Впрочем, и другите нови држави прават исти грешки, некои повеќе а некои помалку, со цел да негираат делови од своето минато и да креираат по поволна сегашност и иднина пред очите на својот народ и пред намеѓународната заедница. Велат некои историчари и други луѓе од науката, дури на другата страна пак противниците на таквиот пристап кон историјата се фаќаат за глава од недоверба да ли е тоа можно. “Ваквото директно поврзување со најстарата античка култура, придонесува  препород, без прекин на историските токови.” Велат првите, тапкајќи се по своите рамена како чудотворци.
Лажниот пат по кои тргна новата грчка држава започна со доаѓањето на баварските владари. Доаѓајќи во нашава земја, тие затекнаа дисфункционално општество во секој поглед. Насекаде сиромаштија и очај, во застрашувачки размери. Нивното разочарување беше големо, кога не најдоа народ со хеленски дух во кои тие беа вљубени, туку улични питачи, кои зборуваат Арватски ( Албански ), на место старо грчки. “Како можи да биди  Хелен некој така сиромашен и очаен уличен питач во Атина, кои зборува Арватски ( Албански )?” Изјавиле хеленовљубените при доаѓањето во Грција. Тука нема никаква поврзаност ниту логичност меѓу овие факти на теренот и оние, во кои ние верувавме при нашето доаѓање. После ваквата фактичка состојба, разочарани се вратија во Баварија и рекле: ” Таму долу,  во Грција,  ние неможиме да направиме ама баш ништо. Никој неможи да ја спаси таа земја. Овие денешни Грци, со оние од античкиот свет, немаат ама ништо заедничко, што ги поврзува.”
Дури грчкото кралство покушава да стани на ноѕе, баварскиот историчар Фолмераер (Fallmerayer) излезе со своја теорија насочена против поборниците на цврстите врски со античка Грција, како непрекината нишка.
Која беше неговата цел? Своите домашни вљубеници во Хеленизмот да ги “врзи за столбот на срамот “, заради нивните налудничави идеи.
Фолмераер тврди дека сегашните Грци, како раса, немаат никаква врска со старите Грци. Се разбира, неговите тврдења и теории направија голема паника во кралството не само затоа што тој не ги прифаќа нивните желби да ја преточат лагата во вистина, туку затоа што ги саботирал промоциите на поволните легенди на монархистичкиот  режим и народот во државата.
Фолмераер бил огорчен со експлозијата на хеленистичките љубители и обожаватели во Баварска, па се одлучил на уште по смел чекор напред ;  – со цврсти докази да  ги разувери, дека сите тврдења на актуелната власт во грчкото кралство за непрекинатите врски на денешните Грци со античките, се само фикција и потполно  лажни.
Овај познат германски историчар е набрзо прогласен за најголем непријател на Грците затоа, што отишол и многу подалеку од она што го очекувале неговите противници од круговите на власта во Грција, но  особено во Баварија. Тој ги изнел на светлото на денот сите докази од времето на римското владеење со античка Грција па се’ до доаѓањето на Славјаните на балканските простори во шестото,  завршувајќи со преселувањето на Албанците од северот, во 14 то столетие.
И така, спрема Фолмераера, врските кои би ги поврзувале сегашните Грци со оние од античките времиња се измислени, лажни и затоа не постојат, зошто се прекинати не само еднаш, туку три пати. Со тоа, Фолмераер ги отфрлува сите врски кои би ги поврзувале денешните Грци со античките како лажни и не постоечки, а континуитетот на Хеленизмот како нација, за фикција.
Ете така,  овај познат германски историчар и чувар на историските вистини, си го заслужил пиететот: – “најголем непријател на Грција.”
Во ваквата констелација на силите спротивставени едни спрам други, доаѓаат на грчката сцена две познати имиња на грчката историја: византилогот и фолклористот Спиридон Забели и историчарот Константин Папаригопулос.
Спрема нивните пишувања, континуитетот на Хеленизмот во Грција бил воспоставен уште во времето од пред 1850 ттите години. Тие тврдат, дека немало прекини на континуитетот во историјата. “Но можно е да се  случувале нестабилни и стабилни временски периоди кои нашиот колега од Бавариа, историчарот Фолмераер, ги нарекува прекини или пукотини во континуитетот, кои заправо се поврзници.”
Затоа, спрема пишувањата на Папариголопулос и Забели, “нацијата е обновена и континуитетот е воспоставен, но неслагањата на историчарите остануваат и понатака, само не како идеолошки или и историски, туку  политички, со кои државата би требало да се по забави што побргу. Таа треба од мултиетничко општество да креира единствена обединета грчка Нација.”
Тука тие мислеле првенствено на Албанците како најмногубројно  малцинство, кое било многу заслужно во борбите за независност. Инаку, кога сме кај Албанците, тие се народ поделен на две групи; – На православни и муслимани, или како некој ги нарекуваат ТУРКОАЛБАНЦИ. Најважните водачи во борбите за независност на Грција од 1821 година биле од редовите на православните Албанци,  кои се истакнале со големи способности и храброст, особено оние од острвата Хидрати, Острива и Спетсес, како и Сулиотите во борбите на копно. Не е на одмет да се спомени и фактот, дека луѓето од тие времиња биле доста образовани и способни за интелектуална работа. Така, Марко Боцари составил говорен грчко- албански речник. Многу интересен речник. Тој добро ги познавал двата јазика, грчкиот и албанскиот, што го осмелиле да се впушти во ваква една јазична авантура. Јас би рекол и дека Боцари го познавал и турскиот јазик покрај овие двата, но слободно би можел да речам дека се служел и со Колокотронис.
Историчарот Папариголопулос во фалењето на Албанците и нивните компатибилни и прикладни особини  за интеграција во новото грчко општество, малку претерал, зошто ги зел за пример само православните, а ги запоставил муслиманите, со што ги покажал и своите неприфатливи верски склоности, како научник.
Папариголопулос во понатамошната “научна” расправа уште повеќе скршнал од патот на науката и се впуштил во матните  води на расизмот и не толеранцијата, што го прави уште по неверодостоен и во полемиката со историчарот Фолмераер.
Расправајќи за квалитетите на двата народа, грчкиот и албанскиот, те и за идеалната комбинација при компонирањето на новата грчка нација, тој рекол дека  Грците биле интелектуално, културно и цивилизациски по напредни, а пак со Албанците, грчката раса добива виталност, снага и единство. Единството на овие квалитети, дури и денес ги потврдуваат “завидните квалитети” на грчката “модерна” и “демократска” држава. Во овој контекст е вредно да се спомене и фактот, дека Албанците, интегрирани во грчкото општество, се чувствуваат  поголеми Грци и од самите Грци, што зборува нешто само за себе. Тие ја потврдуваат  тезата на германскиот историчар, Фолмерајер, за потполно изчезнатите врски на денешните Грци со оние, од пред многу столетија.
ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ 1821
Јазикот и идентитетот се тесно поврзани. Без јазикот нема идентитет, но и идентитет без јазик не го бидува за ништо. Затоа, борбата за јазикот е постојана и приоритетна. Како и во секоја нација, така и во грчката,  јазикот изигра видна улога. Тој беше застапен прво во православието и трговијата а попосле, со организацијата на образовниот систем, одигра голема улога во обединувањето на расцепканите друштвени заедници во една нација. Со јазикот се ствара и заедничка култура, преку која се идентификува и нацијата. Исто така, јазикот придонесе и во просветеноста на револуционерните водачи, кои на крајот ја извојуваа и слободата и независноста. Ова го разбра и првиот председател на новата држава Јоанис Каподистријас уште за време на првата година од херојската војна кога, настојувајќи да ги постави темелите на државата, отвори универзитет и други училишта, кои изиграа важна улога во развојот на разурнатата Грција во тие времиња. Јазикот и образованието се едини елементи кои имаат моќ да ја обединат општествената заедница и створат Нација. Можи слободно да се речи, дека образованието беше почеток на силата на грчката држава. Грчките училишта беа вистинските победници.
Што го идентификува националното единство на едно општество? Секако неговата култура! А што би требало да ја идентификува културата како таква? Се разбира јазикот. Кога е сега и тоа постигнато, вратите на прогресот  се ширум отворен. Сите кои учествуваат на било кои начин во образовниот систем, се Грци. Исто како Изократовиот концепт, кој е отворен, националистички концепт од 19 столетие,  различен од оној од 20 столетие. Дури онај концепт од 19 столетие му одговарал на биолошкиот континуитет спрема Фолмерајеровата теорија, овај широко е отворен и убав. Типичен пример на таа убавина е и прифаќањето на машкиот фустан, кој се  носел на Балканот, и тоа само кај Албанците. (А што е со македонскиот фустан? Тој не постој кај Македонците зошто не се интегрирани во новата грчка нација? С.Г. ).
И председателската гарда денес носи фустани и опинци со женски пуфки како дел од униформата базирана врз, како рековме погоре, на обичаите кај Албанците.
Во продолжение на разговорите и одење кон крајот на настаните со кои се покушава да се внесе нов и по цивилизиран дух во лажната грчка историја, учесниците од грчката страна продолжија со помирлив и по флексибилен јазик.
“Ние во оваа проблематика гледаме одвнатре да најдеме податоци кои дозволуваат флексибилност за компромиси. Сметаме дека е потребна флексибилност кај секоја нација, како би изнашла погодни начини за прилагодба во новиве околности. И можеби во тоа се крие и нашата совест која превладува денес во Грција, поминувајќи низ многу промени и прилагодби на својот пат низ времето. Нашето прилагодување постигна висок степен. Дури и Ромејте дозволија така и официјално да се викаат. И тоа не само децата на Грци и нивните потомци, туку и денешни Грци.” (А што е со Македонците?  С. Г.)
Во оваа прилика вредно е да ги споменеме зборовите на поетот Гиоргос Сефарис изречени за време на доделувањето му Нобелова награда во Штокхолм во декември 1963 та година, кои гласат: “Јас не сакам да речам дека ние имаме иста крв со старите Грци, зошто  мразам расистички теории. Ние живеиме на истата земја со нив и ги гледаме истите планини, кои завршуваат во истото море.”
“Од 1821 та година измина скоро едно и пол столетие. Две балкански воини и две светски воини од како ние, спрема зборовите на поетот Сефарис, го обновивме нашиот грчки идентитет на интернационално рамниште со современа дефиниција и ако има нешто со што треба да се гордееме, е следното: – Местото каде живееме, нашата историја, можноста да одлучуваме за својата судбина толку, колку што можиме. И на крајот, ова не беше можно без 1821 та година и нашата Револуција, без борба, без идеи за нашата иднина и без нашите легенди. Како ја користиме слободата, зависи од нас. Но, мора да е од полза за нашиот патриотизам, за љубовта према местото во кое живееме, со почит спрема пролеаната крв на праведен или неправеден начин,  и пред се’ , за препородот на нашата татковина, денешна, модерна Грција.”
**********************************
НАШЕ ВИДУВАЊЕ
Смелоста на учесниците во оваа научна дебата да ја изнесат вистината за темелите на денешната грчка држава заслужува внимание и поштовање, но прикаската ќе биде целосна и уште по веродостојна, ако и денешните грчки политичари ја прифатат горчливата вистина и им пружат рака на Македонците во знак на помирба и уште поширока добрососедска соработка.
Вистината излегува на видело и нема зошто да се преговара за нашето име. Македонија не била никогаш дел од Грција и нашата историја е само наша, како што нивната е само нивна.
Нашите политичари и научниците на Македонија имаат прилика да ја одбранат честа и достоинството на македонскиот народ од неправдите и понижувањата што сме ги преживеале од вистинските арамии на Историјата, само ако знаат како. Шансата им е дадена. Треба предизвикот да се прифати, зошто нечесната совест на непрјателот му ја јади душата и моли за прочка.
Ваш Сотир Гроздановски
13 октомври 2015
Brooklyn, New York, USA
Преземено од: macedoniannewssite.wordpress.comНеодамна, на интернетската мрежа Фејсбук ( Facebook ) изненадно се појави Видео со неочекувана содржина, барем за нас Македонците, но шокантна за ц

Пронајдете не на следниве мрежи: