Документарниот филм на славниот холивудски режисер Мартин Скорсезе снимен за ХБО ТВ за поранешниот 42-ри американски претседател Бил Клинтон, е ставен „во шкаф“ поради несогласување „околу контролата над филмот“, пренесуваат американските медиуми.Според весникот Њујорк тајмс, од проектот кој беше најавен 2012 година се откажале бидејќи Бил Клинтон барал поголема контрола над прашањата за интервјуата, како и над финалниот производ, но неговиот портпарол одговорил дека тоа тврдење е „неточно“.
Филмот делумно е снимен во текот на последните две години, а во него беше најавен и дел за филантропските посети на Клинтон на Јужноафриканската Република.
Телевизијата ХБО во 2012 година објави дека ги здружиле силите со култниот режисер и оскаровец Мартин Скорсезе, кој ќе го режира и со продуцентот Стив Бинг ќе го продуцира филмот со целосна поддршка на Бил Клинтон, а документарниот филм требаше да биде сторија за двата негови претседателски мандата, неговиот живот по напуштањето на Белата куќа и односот со неговата сопруга Хилари Клинтон, која во првиот мандат на актуелниот претседател Барак Обама, стана државна секретарка, а се споменува и како претседателски кандидат на демократите во 2016 година.
„Тој и натаму е присутен и неговиот глас е многу моќен во сите светски одлуки Претседателот Клинтон сѐ уште претставува авторитет и светскиот политички дијалог без него не би бил ист“, изјави тогаш Скорсезе, додавајќи дека се надева дека ќе успее во најдобра светлина да го претстави 42-от претседател на САД.
Клинтон пред две години изрази одушевување што ќе соработува со легендарниот режисер и што од ХБО се согласиле да работат на филмот.Според весникот Њујорк тајмс, од проектот кој беше најавен 2012 година се откажале бидејќи Бил Клинтон барал поголема контрола над прашањата за инт