Во јавноста не се намалува интересот за еден од обемните историски трудови под наслов „Влијанието на Австроунгарската империја на создавањето на албанската нација (1896-1908)“ кој е заснован на проучените документи на царскиот архив во Виена, а кој секако е интересен и за македонската јавност. Имено, во 2008 година на шпански јазик е објавен докторат на неодамна починатата бугарска историчарка Теодора Толева(1968-2011) под оригинален наслов „La influencia del Imperio Austro-Hungaro en la construccion nacional albanesa (1896-1908)“ во кој таа во фактографски богата книга поделена во 10 поглавја го објаснува своето гледиште на настаните и развојот на албанската нација на преминот од 19ти во 20ти век. Бугарската издавачка куќа Села постхумно го објавила нејзиниот труд и на бугарски јазик, а во декември 2013 објавен е и германски превод на овој труд со наслов Der Einfluss Osterreich-Ungarns auf die Bildung der albanischen Nation 1896-1908“.
Треба да се напомене дека во бугарската историографија Теодора своето име го изградила со тоа што била вреден издавач, со професионално високи стандарди, зборувала шпански, португалски, француски, италијански, руски, англиски и германски).
Освен тоа го сврте вниманието во 2006 година, со капиталниот труд „Надворешна политика Тјуле Андрашија и македонското прашање“, а наскоро се очекува постхумно објавување на нејзната трета книга „Геноцид и судбина на Јермените 1905“.
Основаната теза е дека Виена ќе направи се да ги обедини различните албански племиња и кланови кои во втората половина на 19 век според нејзе, немале развиена национална свест, туку била расцепкана. Односно дека виенската дипломатија активно ги помагала и создавала унифициран книжевен албански јазик, издаваштво на албански национални публикации, и развој на новинарството и образованието.
Мотивите на Австроунгарија за тоа се спречување на ширењето на конкурантската Србија и Италија, а индиректно, преку спречување на Србите, тоа било спречување на ширењето на Русите кон Медитеранот.
Толева во 1999 година за прв пат излегува во Виена, империјалниот архив за да собере податоци од архивската документација за македонското прашање. Трагајќи за докумените за тоа, еден ден сосема случајно во една фиока открива досега необјавнен меморандум за четирите тајни конференции одржани во дворот во Виена 1896 година, а по повод планирањето за создавање на тогаш непостоечка албанска нација.
Инаку на тие состаноци се споменува и документот „Die Albanienpolitik Osterreich-Ungars un italiens 1877-1908 de Hans Dieter Schanderl“ од 1971 што наведува и Толева во фуснотата на 28 страна на бугарското издание.
Почетната точка на нејзиното истражување е во 1896 кога Виена одлучува за акивното делување на просторот на јужниот Јадран, а завршната во 1908 кога Младотурското движење ја превзема власта, што се менува дотогашниот контекст за делување на Австроунгарија кон отоманското наследство.
Првото поглавје под името „Организација на надворешната политика“ се однесува на објаснување на надворешната политика на Австроунгарија. Толева објаснува: „Целта на ова поглајве е да ја покаже традицијата во надворешната политика на имерпијата, и нејзината организација и работа на тајната конференција во смисла на реалното управување“.
Таа ја објаснува структурата, функцијата и прераготивниот министер за надворешни работи. Според австриските истражувачи, Министерството за надворешни работи досега никогаш не е изучувано. Толева наведува две причини. Прво Министерството почнува да претставува истражувачки интерес сосема неочекувано, во потрага по одговорноста за ултиматумот кон води до избување на Првата светска војна, а кога се сфатени фактите дека Министерството работело во корист на сопствените цели и по свои сопствени механизми. А другата е специфичност на самото Министерство.
Според Хелмут Римплер, сеуште не постои ниту една студија која ја открива суштината на Министерството за надворешни работи како институција, односно која е директно врзана меѓу неговата организација и неговата активност“, нагласува Толева.
Второто поглавје е особено значајно, а се нарекува „План за Албанија или виенска рационалност или ирационалност“, во кое Толева експлицитно пишува дека сузбивањето на Србите е еден од рационалните елементи на Меморандумот со кои се опфатени четирите тајни конференции, но и дека било ирационално да се допушти еден проект на изградба на нација, затоа што тоа е тешка задача, во спротивност со воените мислења.
Третото поглавје „Прифаќање на планот -дипломатси ризици и долгорочни предвидувања“ зборува за несогласувањето со планот на претставниците на австроунгарскиот генералштаб или поедини дипломати, на кои им е јасно дека таквиот план ги крши одредени меѓународни норми. Но, планот е прифатен и покрај гласовите кои биле против.
Четврото поглавје под името „Иницијатива на Виена пред Османлиската империја или грижа на еден народ меѓу две империи“, говори со конкретно заземање на австроунгарскиот конзул за заведување на албанските племиња пред турските власти, затоа што ни Портата не имала високо мислење за разбојништвата и клановите.
Тајниот протокол за состаноци на австроунгарскиот двор ноември 1896.
Петтото поглавје „Патување на австроунгарскиот конзул низ албаномуслиманското друштво или почеток на една романтична консипрација“, зборува за воспоставување на врска со австроунгарскиот конзул со водачот на албанските муслимански племиња.
Во шестото поглавје Толева говори за „заштита на вероисповедувања“. Разработува таканаречени Културпротекторат.
Во седмото поглавје темата е албански јазик, кој до тогаш е пишуван на дваесет различни начини (грчки, латински и со арабски букви), но од 1908 година, се стандардизира, во која главна улога ја има генералниот конзул на Австроунгарија.
Осмото поглавје за занимава со образованието, а деветото е насловено „Печатот или како Виена почнува да пишува на албански“. Толева нагласува дека печатот на различни материјали е необично високо ниво, изработено со цел да развива национални чувства кај Албанците во склоп со заклучоците на Меморандумот на тајната конференција од 1896 година. Воглавно станува збор за календри, историски книги. Се прават многубројни образовни иницијативи.
Во десетото поглавје, Толева ја расветлува улогата на римокатоличкиот монсињор Прима Доџија, кој имал план на создавање на северноалбанска книжевност, каде главна улога би имало племето Мирдита. Толева приложила и цела низа на необјавени документи, кои ја поткрепуваат нејзината теза дека албанската национална ренесанса всушност почнува од геополитички мотив „Ka und Ka monarhija“.
Таа наведува дека постои албански комитет во Букурешт и во Софија, а особено прави осврт на создавање на албанските школи во Италија и италијанските во Албанија. Интересно е тоа што се споменува Романецот Алберт Џике, кој себеси се смета за потомок на Скендербег, кој активно лобира за албанската работа.
Во заклучоците на книгата Толева наведува и други геополитички околности. На пример вели дека Германија не зема учество во овие австриски акции, но е наклонета на Албанците (од своите геополитчки причини) додека од редот на Бекташија ја поддржува Младотурската револуција.
Интересно е што за овој труд мислат угледните интелектуалци од Западот:
Каталонскиот професор Др Агусти Коломинес Компанис: Во овој труг Теодора доаѓа до заклучок дека австроунгарската дипломатија играла одлучувачка улога во развојот на чувството на национална припадност на Албанците во Османската империја. Политичката дејност на Виена е одлучувачка во процесот на национално изразување во светлото на Ернест Гелнер и неговата модернистичка теорија, што подоцна доведува до создавање на албанска држава.
Професор Др. Леополд Ауер: Толева била воодушевена од мноштвото извори, кои ги нашла во архивите, како и можностите кои тие ги отвараат…Така стигнало и до нејзиниот труд напишан на шпански со кој го одбрнила докторатот во 2008 година.
Можеби оваа книга треба да се преведе и на македонски за да не натера повеќе да размислиме колку ние навистина знаеме за Албанците.
Имено, во 2008 година на шпански јазик е објавен докторат на неодамна починатата бугарска историчарка Теодора Толева(1968-2011) по