Откако беа објавени документите од лустрацијата на академикот Божин Павловски, кои може да ги погледнете на следниот линк, се дозна и кого се кодошел овој академик.
Во решението кое што Комисијата го објави на својата веб страна стои дека во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи постои електронски запис дека во 1986 година Павловски бил ангажиран за соработка.
Од документите кои вчера ги објави Курир, може јасно да се види дена тој го кодошел Петре М. Андреевски. Освен него уште звучни имиња се на списокот на жртви од кодошењето на Божин Павловски. Во документите се гледа дека предмет на кодошење е и Љубиша Георгиевски. По функциите се гледа дека Павловски ги кодошел и Гане Тодоровски и Симон Дракул.
Овие моќни имиња на големи великани биле жртви на кодошењето на Павловски. Со ваквиот начин на однесување, академикот им нанел огромна штета на овие големи автори. Дали ова може да се оправда? Дали со галамење и денунцирање на ЛУСТРАЦИЈАТА ќе се покрие овој срам? Дали некој од противниците на прочистувањето има храброст да излезе јавно и да каже дека документите не се веродостојни? Не, сето тоа не се случи, туку се пробува со замена на тези да се насочи вниманието кон небитни теми.
Покрај Божин Павловски, лустриран е и академикот Томе Серафимовски чии документи може да ги погледнете на линкот.
Лустрацијата покажа дека некои македонски академици соработувале со тајните служби. Покрај овие академци, Комисијата за лустрација го лустрираше и академикот Славко Јаневски, за кој исто така се покажа дека бил кодош, односно дека соработувал со тајните служби.. Тогаш против неговото лустрирање најгласни беа токму Божин Павловски и Томе Серафимовски.
Сега произлегува дека тоа го правеле наменски, затоа што очекувале и нив да ги стигне вистината.Откако беа објавени документите од лустрацијата на академикот Божин Павловски, кои може да ги погледнете на следниот