Џоли и Пит произведоа сопствено вино

Најпознатата холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, одлучија да се занимаваат со производство на вино, а следниот месец во САД ќе го понудат првото свое вино.Најпрво, виното ќе биде претставено во француската јавност на 15 март, а тоа вино е розе.Анџелина и Бред виното го произведоа со помош на познатата винарска фамилија Перин.Актерите го поседуваат францускиот имот „Миравел“ од 2008 година, а многумина мислеа дека го купија само за таму да се венчаат, но очигледно имале и други планови.Од нивното лозје со години се прави вино розе. И поранешните сопственици го произведувале, но Анџелина и Бред на се сакаат да му дадат свој печат, па и виното ќе го преименуваат во „Миравел“.На шишето ќе ги пишува и нивните презимиња, како и презимето на семејството Перин.Имаат намера да го прошират производството на бело и на црно вино во текот на оваа и следната година.Според извори блиски до двојката, двајцата се воодушевени со новиот проект и инсистираат да бидат вклучени во секој негов сегмент.
МакфаксНајпознатата холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, одлучија да се занимаваат со производство на вино, а с

Пронајдете не на следниве мрежи: