Со вакви наслови хрватските медиуми ја пренесуваат смртта на Долорес Ламбаша!Познатата хрватска актерка, триесет и две годишната Долорес Ламбаша, почина вчера околу 14 часот во болницата „Др. Јосип Бенчевиќ“ во Славонски Брод.
Битката за живот ја изгуби по сообраќајната незгода за која виновен е нејзиниот колега Стојан Матавуљ (52).
Дали случајно или не, актерката која вниманието го привлекуваше со нејзиниот атрактивен изглед, животот го загуби на делницата од патот на која пред 6 години загина Тоше Проески.
Изненадува фактот што актерката и Тоше се родени 1981 година и двајцата загинаа во октомври, споредија хрватските медиуми.
Тоше Просеки загина во 6:20 часот наутро, додека Долорес имала несреќа 10 минути подоцна.
Сообраќајната незгода се случила во 6:30 часот наутро на автопатот А3. Убавата актерка во болница е примена со тешки повреди, каде била итно оперирана, но за жал не успеа да преживее.
Интересот на јавноста го привлече и со своите бурни врски, главно со постари мажи. Во март ја раскина четиригодишната врска со бизнисменот Јосип Редаљко Дикан (70).Познатата хрватска актерка, триесет и две годишната Долорес Ламбаша, почина вчера околу 14 часот во болницата „Др. Јосип Бенчевиќ&ldquo



