Домашен рецепт за соино млеко и тофу сирење

Направете сами 100% природно млеко  и  сирење од соја Состојки  за млеко  од соја и  сирење од соја- тофу:
100гр непечена соја во зрно
1 лажица мед
Вода
1 лимон
Соиното млеко се подготвува на следниот начин:
Во еден сад  ставете 100гр соја во  зрно, прелијте ја со половина литар  вода и  оставете да покисне во текот на ноќта. Наутро процедете ја сојата и  смелете ја. Смелената смеса ставете ја во  тенџере, ставете литро вода и  гответе додека не зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го тенџерето од оган и  оставете малку  да се олади. Процедете ја течноста од мелената соја. Засладете по вкус бидејќи вака добиеното  соино млеко нема посебен вкус.
Тофу  срење:
Добиеното  соино  млеко  не го  засладувајте доколку од него  сакате да направите тофу. Само  повторно  ставете го  на оган и  оставете да зоврие. Зовриеното  млеко тргнете го од оган и потоа додадете 4 лажици  лимонов сок на 1 литар  соино млеко.
 По неколку моменти  ќе забележите  дека сокот  реагира со  соиното млеко и  дека млекото  почнува да се сири.
По половина час процедете го сирењето  на газата. На крај зачинете  и посолете.Состојки  за млеко  од соја и  сирење од соја- тофу:
100гр непечена соја во зрно
1 лажица мед

Пронајдете не на следниве мрежи: