Домашни кроасани: Вкус еднаков на оригиналното француско јадење!

Иако се чини дека рецептот најавува многу работа при подготовката, сето тоа ќе го занемарите кога ќе го видите готовиот производ.Кроасанот е пециво кое сите го поврзуваат со Франција. Иако многу домаќинки поради забрзаниот животен ритам посегнуваат по купечко лиснато тесто кога сакаат да јадат кроасани, постои и домашна верзија која ќе ве воодушеви. Потребно е малку труд, кој на крај ќе се исплати.
Доколку ги следите овие чекори, вашите кроасани ќе бидат сјајни.
Состојки:
1 кг брашно
7 дл топло млеко
Коцка свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
3 лажички масло
1 маргарин
Подготовка:
Ставете го квасецот во претходно загреаното млеко и додадете го шеќерот, а потоа во поголем сад помешајте брашно, сол и масло. Кога ќе се стопи квасецот, заедно со млекото додадете го во садот со брашното и измесете тесто.
Пуштете кратко да отстои, а потоа развлечете го тестото во правоаголник, со дебелина од еден центиметар и врз него изрендајте малку маргарин. Веднаш потоа, правоаголникот свиткајте го во ролат кој ќе го исечете на осум еднакви делови.
Секој добиен дел развлечете го посебно и исечете во обик на триаголник. Доколку сакате, триаголниците можете да ги наполните со чоколадо или нешто друго по желба и свиткајте ги како кифли.
Кроасаните премачкајте ги со јајца и оставете да отстојат половина час, а потоа ставете ги да се печат на 200 ℃ околу 25 минути додека не добијат златно-жолта боја.
Наздравје!Кроасанот е пециво кое сите го поврзуваат со Франција. Иако многу домаќинки поради забрзаниот животен ритам посегнуваат по купечко лиснато тесто ко

Пронајдете не на следниве мрежи: