Домашните ќе полудат по НИВ – Децата ги јадат со чаша ЈОГУРТ, а возрасните со чаша ПИВО!Потребни состојки:
400 гр брашно
2 прашок за пециво
2 кесички сув квасец
200 гр маргарин
300 гр варен пасиран компир
1 јајце
сол
За фил
300 гр шиунка
200 гр сирење или кашкавал
Начин на подготовка:
Во подлабок сад помешајте го брашното, пасираниот компир, прашокот за пециво, квасецот и сол. Додадете го изренданиот маргарин и јајцето па замесете меко тесто. Тестото оставете го да отстои на топло покриено околу 30 минути. Во меѓувреме ситно исецкајте ја шунката и нарендајте сирење или кашкавал.
Тестото поделете го на два дела па секој дел развлечете го на дебелина околу ½ см и сечете во правоаголници со големина 5х10.
На секој правоаголник ставете малку од филот па од пошироката страна завиткајте притискајќи ги рабовите со прстите кон навнатре. Наредете ги со мало растојание во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со разматено јајце и нарендајте малку кашкавал одозгора. Оставете ги да одморат 15 минути. Печете во загреана рерна на 200 степени. околу 30 минути. Послужете ги топли. За децата послужете ги со малку млеко или јогурт, а за возрасните со чаша пиво!
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци, животни искуства и сл. може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, како и на фан страната на Фејсбук. Потребни состојки:
400 гр брашно
2 прашок за пециво
2 кесички сув квасец