Домо Аригато, господин Робото: Јапонска робо-револуција – I дел

Како ги гледаме роботите, и робо-револуцијата која ни беше ветена одамна, зависи од нашата околина.За Американците, роботите ќе бидат исконски поврзани за „војна со ѕвездите“ како дете, а подоцна со незапирливиот андроид тоа ќе биде „Терминатор“.
За многу Јапонци, роботите се поврзани за поп-културното растење.
Робо- пионери
Не е изненадување што Јапонија е водечка држава во роботската технологија.
Во Националниот Музеј за Наука и Иновација, познат како Миракиан во Токио посетителите можат да комуницираат со АСИМО, развиен андроид на Хонда кој може да трча, извршува задачи и да комуницира со луѓе. Хонда за прв пат го претстави АСИМО пред една деценија, но сеуште останува футуристичка верзија од тоа што роботите еден ден би можеле да достигнат.
Миракиан исто така има и други автомати кои покажуаат како животот би изгледал за 15, 20 или 30 години.
Отонароид изгледа исто како млада Јапонска жена со силиконска кожа, брановита коса, и очи кои трепкаат.
Кодомороид е андроид кој чита наслови од весници, и Теленоид , направа за комуницирање која ви дозволува да „зборувате“ со пријателите или саканите кои се далеку од вас, и се чвствувате дека седите со нив. Можете да го прегрнете Теленоидот, и тој ве гушка за возрат.

Помош во домот
Од помагачи во домот кои лесно можат да заменат денови работа, како „Дваесет иеден“ повќенаменски дроид кој моментално се развива во Васеда Универзитетот во Токио.
Со изглед на човек во горниот дел и мобилност на тркала, може да се пофали со брзина и ефикасност која може да биде од помош во бројни ситуации, вклучувајќи и помош на постари лица.
Шигеки Сугано и неговиот тим ја имаат визијата да вклучат роботи во секое домаќинство. Тој вели дека ќе поминат децении пред роботите да бидат масовно произведувани како автомобилите денес, но тоа што денес е развиено може да стане вообичаено во иднината.
„Дваесетиеден“ е одличен пример за тоа како Јапонците размислуват за да и помогнат на популацијата. Андроиди – хуманоиди роботи можат еден ден да делуваат како придружници и помагачи на постарите лица. Домовите за нега истотака можат да придобијат од овие роботи, како на пример Cyberdyne's HAL-5, кој може да помогне при кревање.

Останатиот дел од текстот можете да го погледнете на следниот линк: Домо Аригато, господин робото: Јапонскаробо-револуција- II делЗа Американците, роботите ќе бидат исконски поврзани за „војна со ѕвездите“ како дете, а подоцна со незапирливиот андроид тоа ќе биде &

Пронајдете не на следниве мрежи: