22.05.2014 Скопје. Компанијата БИМИЛК се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина. Во наредните два дена преку Црвениот крст на Република Македонија, БИМИЛК ќе испрати 19.000 сокови БИФРУТ, односно вкупно 5 тони сок до загрозените подрачја.По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, БИМИЛК веднаш се активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги насоките и апелите на хуманитарните организации на погодените држави и апелот на Црвениот крст на Република Македонија, помошта во храна е на врвот од најпотребните артикли. Оттука БИМИЛК ги презеде сите активности за реализација на донацијата од прехранбените артикли од својата програма – природните овошни сокови „БИФРУТ“.
БИМИЛК и понатаму ќе ги следи состојбите и развојот на ситуацијата во поплавените региони со цел навремено да одговори на сите апели за хуманитарна помош, кои ќе овозможат што полесно надминување на оваа хуманитарна непогода.
Млекара АД Битола поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на производите. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, БИМИЛК веднаш се активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги н