Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпиша договорот со Амбасадата на Сојузна Република Германија за реализација на донација за Детската градинка „Павлина Велјанова“.„Станува збор за договор за примање донација за опремување на две занимални во Градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани. Донацијата е од Сојузна Република Германија по барање за финансиска поддршка за реализација на мал проект и е во вредност од 284 905 денари“, соопшти градоначалникот Димитровски.
Со овие средства ќе се набават 18 масички, 50 столчиња и 50 креветчиња и ќе се стават во функција уште две простории во Детската градинка, со што ќе создадат услови за зголемување на опфатот на децата во кочанската предучилишна установа.„Станува збор за договор за примање донација за опремување на две зани