Дваесет и шестмина жители на Кочани, редовни студенти на државните универзитети во Република Македонија ќе бидат корисници на стипендија на Општина Кочани за студиската 2016/17 година.Според претседателката на Комисијата за доделување стипендии, Анна Кралева, годинава интересот бил голем, и во предвидениот рок биле поднесени 39 пријави, од кои 9 биле неприфатливи. Со Одлука на градоначалникот, а според Правилникот за доделување стипендии, од ранг-листата од 30 кандидати, стипендии ќе добијат 26 студенти.
Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бода, материјалниот статус до 20 бода, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа и децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија. Студентите од градежен, архитектонски, геодетски и технолошки факултет имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни.
Стипендистите на Општина Кочани ќе добиваат по 2 500 денари во текот на девет месеци од тековната студиската година.
Првпат Општина Кочани додели стипендии во 2009/10 година, а со годинашниве се доделени вкупно 197 стипендии.Според претседателката на Комисијата за доделување стипендии, Анна Кралева, годинава интересот бил голем, и во предвидениот рок биле подн