Дополнителна финансиска инјекција во буџетот на ФЗОМ, расте бројот на поднесени барања за ин-витро

Најважната работа за Владата и за ФЗОМ е стабилноста во финансирањето на здравствените услуги, и ќе функционира и понатаму.Ова го истакна премиерот Емил Димитриев при денешната посета на ФЗОМ каде детално се запозна со функционирањето на институцијата.
-ФЗОМ е меѓу ретките институции каде со постојниот ребаланс добива плус средства што го потврдува нашиот однос кон здравството, како нешто приоритетно. Во иднина ќе го задржиме тој курс да го помагаме фондот со дополнителни средтсва кои пак од нивна страна ќе бидат трансферирани со дополнителни услуги кон граѓаните. Фондот има склучено договор со над 3200 правни субјекти што ја потврува сериознста на оваа институција и во тој дел мора да се поддржани со соодветни финансиски средства, истакна Димитриев.
Премиерот посочи дека на средбата станало збор и за зголемувањето на капитацијата за 10 проценти на матичните доктори кое ќе започне од 1-ви идниот месец и кое, според него, ќе значи подобра финансиска кондиција на примарното здравство кое уследи по зголемувањето на капитацијата на стоматолозите.
Во однос на проектот на помагање за ин-витро оплодување, досега околу 15 милиони евра се останати кај граѓаните, откако ФЗОМ ја презеде оваа услуга.
-Веќе има одобрено три апликации за трето дете по пат на ин-витро, што покажува дека интересот  не е само за бројот на лица кои се опфатени да се обидат да добијат прво дете, туку и кај оние кои сакаат да го зголемат своето семејство со број на дечиња. Тоа е добра вест за нашите граѓани, потенцираше Димитриев.
Директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски истакна дека параметрите на половина од годината се добри на ФЗОМ и динамиката на реализација на проектите се одвива според проекциите, додавајќи дека е значајно што ФЗОМ ќе добие дополнителна финансиска инјекција во буџетот. Во однос на ин-витрото, Стефановски нагласи дека проектот останува еден од стратешките приоритети.
-Се поголем број на граѓани кои имаат проблем со зачнување по природен пат се побрзо го препознаваат тоа и побрзо се одважуваат да поднесат барање во Фондот. Во првите шест месеци за 2016 година, споредено со истиот период лани, може да забележиме 15 процентно зголемување на поднесени барања и одобрени барање за ин-витро за прво и второ дете, посочи Стефановски.
Директорот Орхан Рамадани, пак, потецираше дека со ребалансот на буџетот предвидено е зголемување на буџетот на Фондот кој е историски, 26 милијарди. Тој додека дека за период од околу 10 години, буџетот на Фондот е зголемен за 100 проценти.Ова го истакна премиерот Емил Димитриев при денешната посета на ФЗОМ каде детално се запозна со функционирањето на институцијата.
-ФЗОМ е м

Пронајдете не на следниве мрежи: