Нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти денес додели општина Кисела Вода. Со тоа, од досега поднесените 13853 барања, бројот на легализирани бесправно изградени објекти се искачи на 5130 или решени се околу 37% од предметите.Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3845. Исто така, изготвени се уште 221 урбанистички согласности, од кои, за 174 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Oпштина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика на заокружувањето на процесот на легализација и ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.Со тоа, од досега поднесените 13853 барања, бројот на легализирани бесправно изградени објекти се искачи на 5130 или решени се околу 37% од предмет