Dow Jones трет ден достигнува рекорд

Цените на акциите на Волстрит во четвртокот благо пораснаа, благодарејќи на добрите показатели од американскиот пазар на труд, при што индексот Dow Jones трет ден по ред достигнува рекордно ниво.

Dow Jones зајакна за 0,23 отсто, на 14.329 поени, S&P 500 порасна за 0,18 отсто, на 1.544 поени, Nasdaq се зголеми за 0,30 отсто, на 3.232 поени.Рекордното ниво на Dow Jones трет ден по ред најмногу се должи на податокот дека минатата недела бројот на нови барања за помош за невработеност се намалил за 7.000, на 340.000, што ги зајакна надежите дека службениот извештај на владата што треба денеска да биде објавен ќе потврди дека состојбата на пазарот на труд се подобрува.Во анкетата на Thomson Reuters аналитичарите проценуваат дека таквиот извештај ќе покаже дека во февруари бројот на работни места се зголемил за 160.000 во однос на јануари, а стапката на невработеност останала непроменета на 7,9 отсто.Најголеми добитници вчера беа секторите кои се чувствителни на раст на економијата, при што финансискиот сектор зајакна за 0,7 отсто.Освен показателите за јакнење на американската економија, берзите добиваат поддршка и од најавите на најголемите централни банки на светот дека ќе продолжат да водат лабава монетарна политика за поттик на економијата.Сепак, нагорниот тренд на акциите е бавен, бидејќи има и причини за загриженост. Ниту по долготрајните преговори помеѓу републиканците и демократите во Вашингтон, се уште не е јасно каква ќе биде фискалната политика, додека растот на американската економија се уште е анемичен.Покрај тоа, економијата на еврозоната и на Јапонија се во рецесија, а кинеската економија не расте како во изминатите години.
Макфакс
Цените на акциите на Волстрит во четвртокот благо пораснаа, благодарејќи на добрите показатели

Пронајдете не на следниве мрежи: