Дознајте како да се разбудите со подготвена фризура за на работа!

Сигурно често наутро немате време да ја подготвите фризурата баш како што сакате, па затоа дознајте неколку трикови за тоа како да си легнете со подготвена фризура за следниот ден. Брановидна косаПред спиење измијте ја косата, замотајте во пешкир и оставете ја природно да се исуши. Потоа откако ќе биде сува, поделете ја 4 еднакви дела. Секој од деловите испрскајте го со лак за коса, свиткајте го со помош на прстите и зацврстете го со помош на шноли. Наутро, откако ќе ја пуштите косата ќе имате прекрасни бранови.
Крупни локниОткако ќе ја измиете косата, навиткајте ја во плетенка и преспијте така. Наутро откако ќе ја одвиткате косата, врвовите навиткајте ги со помош на фигаро за да ги дефинирате. Ова е најбрзиот и наједноставниот начин да ја навиткате косата.
Како да не ви се мрси косата?Ако имате мрсна коса, тогаш еднаш неделно користете кокосово масло. Нанесете го на косата од коренот до врвовите и косата фатете ја во висока пунџа. Наутро измијте ја косата и ќе добиете сјајна фризура која ќе ја носите повеќе денови.
Постигнете траен волуменИзмијте ја и исушете ја косата, а потоа разделете ја на два дела. Секој дел разделете го на уште три дела и исплетете плетенки. Откако ќе ги направите плетенките, испрскајте ја косата со лак и преспијте така. Следното утро косата расплетете ја и растресете ја, така што ќе добиете волумен кој ќе трае многу подолго од вообичаеното.Брановидна косаПред спиење измијте ја косата, замотајте во пешкир и оставете ја природно да се исуши. Потоа откако ќе биде с

Пронајдете не на следниве мрежи: