Дознајте кое е името на новиот Apple iPhone, но и уште неколку важни детали!

Судејќи според најновите информации коишто се појавија на интернет мрежата, најновиот Apple iPhone ќе го понесе називот iPhone X.Технолошкиот гигант така би требало да претстави три нови паметни телефони – iPhone 8 (наследник на iPhone 7), iPhone 8 Plus (наследник на iPhone 7 Plus) и iPhone X (модел со којшто се одбележува јубилејот), пренесува Gizmodo.
Овие неофицијални новости ги објавил 9to5Mac, којшто успеал да стигне до неофицијално објавената Gold Master верзија на iOS 11 платформата.
Судејќи според новиот софтвер, корисниците на iPhone на располагање ќе имаат неколку нови функции, вклучувајќи и нов “portrait lighting mode”, којшто поддржува “Contour Light, Natural Light, Stage Light, Stage Light Mono и Studio Light”.
Има назнака и дека Apple би можел да претстави видео-снимки со поголема резулуција (1080p HD на 240 fps), како и поголема брзина на снимање (поголем број на фрејмови по секунда).
Новите уреди веројатно ќе имаат “True Tone” екрани со најприродни бои, додека кај iPhone X би требало да биде застапен OLED екран.
True Tone, којшто е претставен минатата година кај 9.7-инчниот iPad, автоматски го нагодува балансот на белата боја, што прави екранот да биде “потопол” или “поладен” во зависност од осветлувањето и придонесува за подобра читливост на текстовите.
Информациите исто така укажажуваат на тоа дека кај моделот iPhone X Home тастерот би можел во потполност да биде изоставен.
 Технолошкиот гигант така би требало да претстави три нови паметни телефони – iPhone 8 (наследник на iPhone 7), iPhone 8 Plus (наследник

Пронајдете не на следниве мрежи: